• Latest

Продолжува сослушувањето на загрозениот сведок

August 31, 2018

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Продолжува сослушувањето на загрозениот сведок

August 31, 2018 08:46
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Судењето за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство на Смилковско езеро од 12 април 2012 година ќе продолжи денеска со сослушување на загрозениот сведок од страна на судот. 

На претходното рочиште заштитениот сведок одговараше за прашања на адвокатите од одбраната, откако на рочиштето на 22 август заврши сослушувањето од страна на СЈО.

Одбраната се обиде со повеќе прашања, од тоа како биле облечени на минатото рочиште, до тоа дали е точно дека бил на местото на настанот или за тоа дознал од медиумите, да ја собори веродостојноста на исказот на  загрозениот сведок.

Загрозениот сведок, кој исказот го дава од друга просторија со мутиран глас и заматена слика, повеќе пати повтори дека на местото на настанот бил на 9-ти, 10-ти, 11-ти и 12-ти април, каде го видел „Голфот 3“ со затемнети стакла на повеќе различни локации, како и други две возила. Прашан дали вечерта бил на местото на настанот, сведокот кажа да, и потврди дека видел четири тела.

Обвинетиот Фејзи Азири бараше објаснување од сведокот зошто и кој му бил мотивот да ги гледал токму нив и тоа така во детали, но прашањето не беше дозволено.

Претседателот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев даде предлог да се договори на следното рочиште да се види и возилото.

Адвокатката на семејствата на жртвите, Дафинка Ивановска рече дека од сведочењето на загрозениот сведок произлегува многу јасно објаснување и кажување за настанот.

Адвокатот на одбраната Насер Рауфи, по завршување на судењето, рече дека во неколку ситуации можело да се утврди дека загрозениот сведок не ја зборувал вистината.

На минатото рочиште, во судница присуствуваа обвинетите Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Самир Љута и Фејзи Азири, кој е спроведен од затвор Штип, каде отслужува казна за друго дело.

За екстрадиција на обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, судијата Огнен Ставрев, кажа дека добил писмо од Министерството за правда дека постапката е во тек.

Министерката за правда Рената Дескоска вчера одговарајќи на новинарско прашање во врска со екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ од Косово, рече дека минатата недела добиле барање од судот, кое не било комплетно и повторно го вратиле да се докомплетира со сите документи што се потребни.

– Штом ќе добиеме комплетна документација уште истиот ден ќе биде пратено барањето. Наш интерес е да овозможиме ефикасно одвивање на судските постпки што се водат пред судовите во Македонија, истакна Дескоска. 

На 12 април 2012 кај скопското Смилковско Езеро беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски (на возраст од 18 до 21 година), сите од Радишани, Скопје, и 45-годишниот рибар Борче Стевковски од Црешево.  (МИА)

Tags: МонструмрочиштеСЈОсудење
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ