• Latest

Алберт Муслиу: Владата треба да одлучи според советот на граѓаните

September 20, 2018

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
Скриншот од видео на CBS News

Трамп го ограничи приемот на бегалци на рекордно ниско ниво – приоритет им даде на белите Јужноафриканци

October 31, 2025

По протестите со говор на омраза, Црна Гора воведе визи за турските државјани и построги имиграциски правила

October 31, 2025

Изборен молк: Период на тишина пред граѓанскиот избор

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ РЕФЕРЕНДУМ

Алберт Муслиу: Владата треба да одлучи според советот на граѓаните

September 20, 2018 13:45
in РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа: Кое е вашето мислење за прашањата околу референдумот и состојбите пред истиот?

Муслиу: Референдумот е кулминација на една повеќегодишна активност во Македнија, од еден друг аспект, односно кулминација на едно делување во промената на начинот на владеењето во Македонија што трае веќе три години. Ние пред три години бевме безнадежни, граѓани со колективна апатија и лични нервози, секој граѓанин на Македонија е нервозен и не знаејќи ја причината за таа нервоза, и почна една деблокада, едно решавање на состојбите во кои се наоѓавме веќе три години.  Тоа беше еден напорен процес што бараше и жртвувања, акција и заврши со потпишување на три договори, иако кај нас не се истакнува многу фактот дека нашата влада започна со потпишување на Договорот со Косово, којшто не стигна да се потпише порано, потоа со Договорот со Бугарија, и заврши со Договорот од Преспа со Грција, којшто договор треба да се капитализира со референдум. И покрај тоа што има извесни нејаснотии и дефетизам за референдумот, јас сум оптимист  дека референдумот ќе има позитивна завршница, дури и има реални можности да се постигне цензусот, и покрај тоа што референдумот е консултативен.  Сепак, кај нас политичарите не се надминуваат себеси, не ја надминуваат потребата и големината на моментумот и се обидуваат да добијат ситни поени, иако реално политичарите живеат од политички поени, но се обидуваат да добијат на ситни поени во една фаза кога државата реално се наоѓа пред раскрсница. Или ќе одиме напред со еден просперитет, со отворање на можности, со развивање и европеизација не замо на државата, туку и на граѓаните, или ќе се движиме во една нејасна насока во којашто  можно секакво , кога велам секакво решение, мислам дека секое решение во тој правец е лошо, нема никаква разрешница што би била подобра од првата, којашто нуди развивање. Мислам дека имаме една доста активна кампања, и добро е што кампањата не започна порано, затоа што ние немаме капацитет на долга  колективна меморија, нашите граѓани се изморуваат бргу, прашањата ги дефокусираат, така што е добро што и промотерите на референдумот почнаа една по јака кампања во последниот месец пред референдумот.

Ако ова се направеше во мај, верувам дека до сега… кај нас толку многу работи се јавуваат секојдневно, до сега ќе беше заборавена поентата на референдумот. Мислам дека е добро што владата и собранието, и сите субјекти што промовираат позитивна кампања за референдумот, се трудат да ја прикажат позитивната страна од позитивната разрешница на референдумот, сепак мислам дека недостасува малку и да им се прикаже и другата страна, посебно на тие што се уште не решиле дали да гласаат, за недостатоците од евентуалнито неуспешен референдум, што би можело да се случи. Мислам дека граѓаните треба да се свесни, како пример за тоа може да послужи и Брегзит. По Брегзит граѓаните беа летаргични, некои со чувство дека ова не е можно да се случило, но ете, се случи, и четврто, како и во Британија, и кај нас многу граѓани се свесни за негативните последици од неуспешен референдум.

ЦИВИЛ Медиа:  Бидејќи референдумот го прикажаа како консултативен, независно од резултатите, како потоа ќе помине во собрание, како консултативен, дали ќе бидат земени предвид резултатите?

Муслиу: Референдумот е најдиректниот начин на изразување на граѓаните и владата и собранието треба да го земат предвид. Ако се случи на референдумот да гласаат (условно) 700.000 граѓани против Договорот од Преспа, нема дилема дека владата не може да продлжи преку парламентот да го ратификува Договорот и да ги спроведе уставните измени. Во случај ако на референдум излезат 895.000 граѓани и 800.000 гласаат „за“, тоа ќе биде совет, една пресуда од страна на граѓаните којшто ја обврзва и владата и собранието да делува според тоа.  Не треба да ги мешаме техничките прашања за постигнувањето цензус, тоа може да биде и законско прашање, но, како што реков, ова е консултативен референдум и тоа и морален, и политички. Ако волјаа на народот и волјата на граѓаните вели дека мнозинството е за уставни промени и деблокирање на процесите за евроатлантската интеграција,  мислам дека политичарите не треба да имаат дилеми, независно од тоа дека ќе има и такви што ќе се противат земајќи го предвид фактот дека условно не е остигнат цензусот. Од друга страна изразувањето на граѓаните со едно апсолутно мнозинство е задолжително во политичка смисла и морално за оние политичари, за тие да го завршат процесот како што ги советувале граѓаните преку референдум.

Видео интервјуто е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“

 

Print Friendly, PDF & Email
Share50Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ