Екипата на ЦИВИЛ Медиа, во Прилеп ја имаше можноста да разговара со Миле Тасламически, правнук на познатиот Христо Тасламиче, прилепски градител од XIX век, еден од градителите на познатата Саат кула во градот.
Тасламически пред камерата на ЦИВИЛ Медиа зборува за своите ставови поврзани со претстојниот референдум.
„Иднината на оваа држава е во Европската унија каде што и географски и идеолошки припаѓаме. Онаму каде што одат младите деца ќе им овозможиме да го остварат тоа. Тоа мора да го направиме заради стабилноста на нашата држава и иднината. Јавно кажувам – гласам за европска Македонија“, вели тој.
М. Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Владо Крстевски