„Референдумот е историска шанса за Република Македонија. 27 години слушаме како сите политичари во своите кампањи ветуваа дека ако дојде до решавање на спорот со Грција ќе нè повикаат да излеземе на референдум. Сега референдумот е на прагот, затоа на 30ти гласаме „за“ eвропска Македонија и да оди Македонија напред“, вели еден граѓанин од Радовиш на анкета на ЦИВИЛ Медиа во однос на претстојниот референдум, на 30 септември.
Друг граѓанин вели дека неговите ставови се поделени и мисли дека како и да гласа, потоа ќе му кажат дека направил погрешен избор.
„Мислам дека прашањето за референдумот требаше да биде или само за името или само за ЕУ и НАТО, а не двете прашања поврзани“, додава тој.
Еден граѓанин мисли дека референдумот ќе успее, според расположението што го гледа кај неговите соограѓани.
„Јас сум за да успее, подобро ќе биде сигурно, младите сите отидоа во странство“, вели граѓанин на Радовиш.
Дехран Муратов
камера: Ариан Мехмети
монтажа: Буњамин Камбери