Набљудувачите на Цивил нотираа низа прекшувања на референдумскиот молк на социјалните мрежи.
Цивил – Центар за слобода ги повикува партиите и партиските функционери да се воздржат од пропагандата и агитација, соодветно на Изборниот законик кој предвидува санкции за секој вид кршење на референдумскиот молк.
Цивил – центар за слобода вчера распореди 307 набљудувачи низ цела Македонија, од кои 30 се долгорочни набљудувачи што се активни подолг временски период. Тие будно ја следат ситуацијата и особено се посветени на евентуалното кршење на молкот, но внимаваат и на сите останати нерегуларности, како што се поткупот, заканите, притисоците и злоупотребите. Изборниот молк почна вчера од 12 по полноќ.
ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите граѓанки и граѓани секое кршење на молкот да го пријават на 070/461 480 и 02/5209 176 или на веб страницата Слободни избори.