• Latest

ЦИВИЛ: Масовно кршење на изборниот молк

September 30, 2018

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ: Масовно кршење на изборниот молк

September 30, 2018 21:33
in ВЕСТИ, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Извештај на ЦИВИЛ од набљудувањето со обработени податоци до 16:30 часот, прес конференција во 18 часот.

Референдумскиот ден измина без посериозни инциденти, но со голем број помали и поголеми нерегуларности. Овој ден ќе го запомниме по масовното кршење на изборниот молк и попречувањето на гласачите да ја изразат својата волја на референдумот. На стотици избирачки места ширум земјата, стојат помали групи активисти на опозицијата и на Бојкотирам и на начин неприфатлив за било кој демократски процес, го попречуваат гласањето, ги навредуваат и им се закануваат на граѓанките и граѓаните што сакаат да го остварат своето гласачко право. Нивниот атак на социјалните мрежи, според сведочењето на голем број граѓанки и граѓани, заканата дека јавно ќе бидат стигматизирани со објавување на нивните фотографии и снимки имаше негативен ефект на целиот процес. На овој процес сведочиме на исклучително агресивна кампања со свесно и намерно грубо кршење на низа закони и дејствување против сите демократски стандарди.

Понатаму, се остварија прогнозите на ЦИВИЛ дека Избирачкиот список ќе ги покаже слабостите на сметка на гласачкото право. Стотици граѓанки и граѓани пријавија или беа нотирани од набљудувачите на ЦИВИЛ дека не можеле да се најдат на Избирачкиот список. Набљудувачите пријавија и два извештаи според кои во Избирачкиот список фигурираат починати лица.

На овој изборен процес имавме извонредно висока бројка од набљудувачи кои дејствуваат спротивно на Кодексот за набљудување и на Изборниот законик. Дел од набљудувачите на одредени организации акредитирани за набљудување на референдумот правеа сѐ освен набљудување. Тие ги евидентираа гласачите и вршеа агитација.

Дел од изборната администрација не беше доволно добро подготвена за овој предизвик. Немаа доволно информации што можат да направат граѓанките и граѓаните што имаат проблеми со Избирачкиот список, како и оние со попреченост или во низа други ситуации. Имаме и неколку пријави, од кои за еден дел веќе ја известивме јавноста, според кои членовите на избирачките одбори свесно ги кршеа процедурите и го отежнуваа процесот. Еден дел од членовите на избирачките одбори се забележани како евидентираат и агитираат, односно мобилизираат гласачи.

Да одиме со изборот од извештаи од теренот меѓу 14:30 и 16:30 часот, кога на теренот се забележува намалена активност насекаде во светот.

Во општина Чашка, сѐ уште не се пристигнати личните карти на граѓаните кои ги менуваа по итна постапка, иако им било кажано дека ќе можат да ги подигнат до 10 часот.

На улицата Кирил Пејчиновиќ во Битола се регистрираат летоци „Бојкотирам“ оставени на паркираните автомобили во текот на денот.

Еден граѓанин не го искористил правото на глас поради истечена лична карта од пред 3 дена во Владимирово, општина Берово, на ИМ 9.

На ИМ 1929 во училиштето „Наим Фрашери“ во Тетово една жена ја нема на избирачки список, додека на нејзино место е внесено лице што не живее на таа адреса.

Над 100 лица ги нема на Избирачки список на територија на општина Тетово.

Во с. Раштак во Гази Баба, партиски набљудувачи се претставуваат дека се од партија.

Неколку гласачи посведочија дека добиле порака да излезат на гласање, потпишана од ВМРО –ДПМНЕ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ