• Latest
Фотографија: Томислав Георгиев

Институциите мора да го штитат, а не да го кршат правото на глас!

October 9, 2018

Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
Фото: Фејсбук

Сиљановска-Давкова за натпреварот во Куманово: Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Институциите мора да го штитат, а не да го кршат правото на глас!

October 9, 2018 15:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕФЕРЕНДУМ
Фотографија: Томислав Георгиев

Фотографија: Томислав Георгиев

Share on FacebookShare on Twitter

Соопштение на ЦИВИЛ, 9 октомври 2018 година

ЦИВИЛ – Центар за слобода уште еднаш, како и во изминатите години, остро реагира на грубата повреда на правото на глас, што се должи на лошиот Избирачки список и ригидноста на институциите.

Очигледно, институциите, почнувајќи од изборната администрација, завршувајќи со парламентот, не покажа доволно слух за сопствените пропусти, а последиците од нивната неспособност да ги решат проблемите, повторно ги поднесоа граѓанките и граѓаните со право на глас. Наспроти алармите и препораките на ЦИВИЛ во минатото, во кои јасно, гласно и недвосмислено се укажуваше на бројните повреди на правото на глас, институциите и парламентарните политички партии, не најдоа време да создадат пристојни услови за искористување на правото на глас на секој граѓанин или граѓанка што ќе се појави на избирачкото место.

Така, не е мал бројот на граѓанки и граѓани со право на глас што не успеваат да гласаат од најразлични, некогаш и крајно банални причини. Набљудувачите на ЦИВИЛ, како во текот на минатите изборни процеси, така и на Референдумот, јавуваа за неможноста некои гласачи да гласаат. Ако УВ ламбата не работи, гласачот е тој што ја трпи последицата од неажурноста. Ако гласачот не е во Избирачкиот список, едноставно, не може да гласа, без оглед на тоа што некои од нив биле во него при електронската проверка. Некои од нив не можеа да гласаат затоа што истекол рокот на важноста на нивниот документ за идентификација, иако се на Избирачкиот список. Некои гласачи биле оневозможени да гласаат, затоа што прво биле означени, за да се утврди дека се преместени од едно на друго избирачко место, каде што веќе не можат да гласаат, бидејќи се веќе означени на претходното место каде што се обиделе да гласаат.

За неможноста да гласаат оние што се на патување во странство и да не говориме. Дел од затворениците или оние што се во болниците, исто така, не успеваат да го искористат своето фундаментално право, правото на глас, токму поради неажурноста на системот и недостатоците во законската регулатива. Нешто што во соседните држави е решено на едноставен и лесен начин, без оптоварување на буџетот, ниту на луѓето во администрацијата. Но, во Македонија, илјадници луѓе што со насмевка и пошле на гласање, се вратиле дома навредени и револтирани. Просто неверојатно е колку може оваа ситуација да се случува одново и одново, а никој да не се засрами од тоа и да се фати за работа, за сосема малку работа. Па и нека бидат мрзеливи да ги избришат фантомите и починатите лица, но несфатливо е како дозволуваат постојано да има луѓе што не успеваат да го искористат своето право на глас. Дури и еден ваков случај е премногу!

Ако само еден набљудувач на ЦИВИЛ успеа да регистрира над 100 гласачи чие право било ускратено, во само една општина, размерите на овој проблем може само да се замислат. Но, не постои институционален одговор, ниту волја да се утврди која е бројката на лица што се вратиле од избирачките места, без гласање.

Државната изборна комисија и законодавниот дом, Собранието на Република Македонија, немаат ни едно оправдание за својата неажурност и неспособноста да ја исполнат уставната обврска – да обезбедат почитување на правото на глас. Крајно време е да ги решат проблемите, веднаш, без ниедна минута одлагање.

ЦИВИЛ, ОДИХР и низа други релевантни домашни и меѓународни организации, со години наназад укажуваат на потребата да се почитува правото на глас. Во препораките постојано се наведува дека на гласачот мора да му се овозможи да гласа, доколку има некаков документ со кој може да го потврди својот идентитет.

Нема оправдание за игнорантското однесување на институциите и изборната администрација.

Во пресрет на изборните процеси, без оглед на тоа дали се работи за предвремени или редовни избори или референдуми, ЦИВИЛ категорично бара од институциите и од политичките партии, да не дозволат повреда на правото на глас никогаш повеќе.

Не е потребен многу труд за да се испочитува Уставот, според кој, во Член 2, „Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.“ Правото на глас е едно од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија според кои се гарантира „политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори“ (Член 8). Ако Уставот, како највисок правен акт, вели: „Секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право. Избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање“ (член 22), значи дека институциите имаат обврска тоа и да го овозможат.

Секој граѓанин или граѓанка што ќе се појави на избирачкото место, чиј идентитет може да се утврди според документ за лична идентификација од кој се гледа дека тој или таа е граѓанин/граѓанка на Република Македонија – треба да гласа. Тоа е уставно гарантирано право.

Нема ништо поедноставно од тоа.

 


фотографија: Томислав Георгиев/kolektif.mk

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКизбирачки списокинституцииполитички партииправо на гласСобрание
Share95Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ