• Latest

Преспанскиот договор ужива целосна поддршка од ЕУ

October 11, 2018

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Преспанскиот договор ужива целосна поддршка од ЕУ

October 11, 2018 14:19
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Високата претставничка за надворешни работи на Европската Унија, Федерика Могерини, во понеделник ќе ги информира земјите членки на Унијата за состојбата во Македонија и исходот од консултативниот референдум на 30 септември.

Покрај Македонија, Могерини ќе информира и за исходот од изборите во Босна и Херцеговина.

Пораката на високата претставничка е дека ЕУ и натаму стои зад договорот склучен помеѓу Македонија и Грција за името, велат високи дипломатски извори во Советот на ЕУ.

За Македонија како земја кандидат за членство во процесот на проширување обично се дискутира во составот на Советот за општи работи. Иако не се драматизира состојбата, ставањето на македонското досие на масата на министрите во составот на Советот за надворешни работи, како и брифингот за Македонија во политичко-безбедносниот комитет на ЕУ кој се одржал изминативе денови, е извор на загриженост кај одредени дипломати во Брисел кои ги пратат состојбите во Македонија.

– Македонија не е формално на агендата на Советот за надворешни работи, како што објаснува портпарол на ЕУ, Могерини само ќе информира за состојбите, смируваат од Советот на ЕУ.

Што се однесува до политичко-безбедносниот комитет, портпаролот за МИА објаснува дека станало збор за брифинг по референдумот на 30 септември.

– ЕУ целосно стои за Преспанскиот договор, велат од Советот и додаваат дека Брисел е во постојан контакт со сите актери инволвирани во процесот во Македонија.

Висок дипломатски извор во Советот за МИА додава дека не сака да го користи зборот „притисок“ кога станува збор за овие контакти.

– Не би било соодветно за надворешен актер да врши притисок вез политичките или други актери и сигурно не врз гласачите. Ставивме на знаење дека го поздравуваме договорот склучен помеѓу Грција и Македонија и ги почитуваме демократските процеси во земјата, изјави дипломатот за МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ