• Latest

ЦИВИЛ: Стоп за продолжениот судско-полициски прогон на активист(к)ите за човекови права!

October 14, 2018

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ: Стоп за продолжениот судско-полициски прогон на активист(к)ите за човекови права!

October 14, 2018 11:56
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Соопштение на ЦИВИЛ, 14/10/2018

ЦИВИЛ упатува остар протест против апсурдниот судско-полициски прогон кој и по падот на режимот на Груевски, продолжува против активист(к)и за човекови права до денешен ден. Наместо учесничките и учесниците во ненасилната револуција против диктатурата на Груевски да добијат признанија и пофалби, наместо да им се заблагодарат сите: Владата, институциите и граѓанките и граѓаните за тоа што го направиле, наместо тие луѓе да добијат извинување, наместо да бидат викнати на некоја средба со институциите да им се понуди некаков надомест за нанесената штета, материјален или морале…

Активистките и активистите сè уште се мета на судско-полицискиот прогон. Години по падот на режимот на Груевски, тие луѓе сè уште се повикуваат на суд!

Едноставно не можеме да прифатиме никакво оправдание за ова. Не постои оправдание за вакво нешто! Овие судски процеси се најтемната дамка и сведоштво дека во Македонија се гонат луѓе што протестирале за слобода и за демократија.

ЦИВИЛ во целост се согласува и ги поддржува ставовите и аргументите на проф. Мирјана Најчевска која и самата е подложена на овој продолжен прогон и која во својата колумна „Доле режимот – да живее режимот“ наведува низа повреди на уставните и законските прописи: прекршен Уставот на Република Македонија, Законот за спречување и заштита од дискриминација, Законот за општата управна постапка, Законот за прекршоци… Се нарушува и презумцијата на невиност со директно квалификување како „сторители“ во комуникацијата на органите, според кои активистките и активистите се веќе осудени, иако не се ни обвинети, ниту судени.

Зачудувачки е што ниеден пратеник и ниеден министер не реагира на ова неприфатливо однесување на институциите на прогонот и неправдата.

Бараме судовите и полицијата да им се извинат на активистките и активисти, а владата и парламентот да најдат начин да им оддадат признание. И да се извинат за молкот до сега.

Tags: активистиНајчевскаполицијапрогонПротестисудењечовекови правашарена револуција
Share20TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ