• Latest

Омраза на дело

November 6, 2018
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Омраза на дело

November 6, 2018 13:29
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Навивачките групи на „Тетекс“ и на „Шкендија“, со шовинистички навреди, пцости и фрлање предмети, ширеа меѓуетничка омраза, МВР и Обвинителството најавуваат реакција

Членови на навивачката група на фудбалскиот клуб „Тетекс“ – „Војводи“, по повод 30 годишнината од нејзиното основање, во петокот маршираа низ улиците на Тетово. По маршот, на социјалните мрежи беа објавени видео-материјали, со навредливи скандирања и говор на омраза упатен кон Албанците. По маршот, четири лица – членови на навивачката група на ФК Шкендија – „Балисти“, биле приведени затоа што физички нападнале дел од учесниците на маршот. На интернет страницата на „Балистите“, се појавија објаснувања со аргументи дека конфликтот бил последица на навредите од навивачите на „Тетекс“.

Истата вечер било повредено и едно 15-годишно момче, за што имаше и официјално известување од полицијата, а членови на навивачката група „Балисти“, на социјалните мрежи обвинија дека малолетникот бил физички нападнат од „Војводите“ кои марширале. Од МВР пак, известија дека се преземаат мерки за расветлување на случајот.

Следниот ден, во саботата, навивачката група „Војводи“ маршираше низ улиците на Тетово. На социјалните мрежи граѓани известуваа дека имало и физички пресметки меѓу нив и млади Албанци, но немаше официјално известување од полицијата за евентуални инциденти. Во неделата (4 ноември), „Балистите“ организирале контра- марш во текот на кој, според објавите по социјалните мрежи од граѓани-Македонци и дел од локалните медиуми, извикувале навреди кон Македонците („македонско девојче к***а голема“), и фрлале тврди предмети кон угостителски објект за кој претпоставувале дека е во сопственост на Македонец.

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот, но соопштија и дека немало материјална штета. „Досега нема пријави за повредени, ниту за материјална штета. Навивачите се движеле во правец на стадионот, и освен скандирањето и навредувачките извици, фрлале со камења и шишиња во правец на терасата од објектот“, се вели во соопштението на МВР.

За инцидентите, навредливите скандирања и говорот на омраза, тетовската полиција имаше средба со претставици на Основното обвинителство во Тетово, за да се прецизира кривичното дело и да се покренат адекватни постапки за лицата учесници во случките, од двете навивачки групи. И министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека се преземаат превентивни мерки за спречување на ескалирање на ситуацијата, како и мерки за расветлување на случаите.

„За навивачите што скандирале националистички повици во Тетово, во рамките на СВР Тетово се преземаат мерки и во делот на едната, и на другата група. Денес си дадовме посебна задача во делот на превенција за работа со двете навивачки групи. Не смееме да дозволиме нивните конфликти, коишто потекнуваат од еден таков говор на омраза, да се претворат во секојдневие во Република Македонија“, изјави Спасовски.

Арбен Зеќири

Tags: „Балисти“„Војводи“„Тетекс“„Шкендија“говор на омразаМВРобвинителствоТетово
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ