• Latest

Возило на Брза помош заглавено во сообраќај!

November 9, 2018
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Возило на Брза помош заглавено во сообраќај!

November 9, 2018 11:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓански новинар испрати фотографија до ЦИВИЛ Медиа, на која се гледа како возило на Брза помош на пат до Клиничкиот центар е заглавено во сообраќај.

Фотографијата од граѓанскиот новинар е направена вчера, во попладневните часови, кога проблемот со  сообраќајниот метеж е најголем во Скопје.

ЦИВИЛ Медиа постави прашања до Град Скопје за тоа што планираат да направат во однос на сообраќајниот неред, а оттаму одговорија дека работат на планови за нови капитални сообраќајни решенија, со кои би се подобрило одвивањето на сообраќајот во Скопје и дека сето тоа би се остварило со реализација на поголем број на клучни решенија, од кои и повеќе од тие решенија се во нивна реализација.

Ова не е прв случај граѓански новинар(к)и да испраќаат фотографии до ЦИВИЛ Медиа за проблемот со сообраќајот во главниот град. Истиот проблем го имавме и минатата година, каде граѓанската новинарка Даниела Мирческа ни испрати видео од пред детската клиника во Скопје, каде возилото на брза помош беше заглавено, од страна на несовесни граѓани кои ги оставаат своите автомобили на улица.

Според Даниела Мирческа, во возилото на итната помош било дете во критична состојба кое од интензивна нега на детската клиника итно требало да биде пренесено во друга клиника.

Потресната реакција на докторката одговорна за детето не ги остави рамнодушни сите оние кои го погледнаа видеото.  Но иако видеото предизвика бурни реакции од јавноста, институциите сè уште молчат. Сообраќајниот хаос во клиничкиот центар е секојдневие, а ниту директорите, ниту Паркинзи на Град Скопје под чија надлежност се паркинзите во кругот на клиниките, немаат слух за решавање на проблемот.

Вработените на клиниките велат дека не ретко овој проблем ги чини пациентите живот. Пациентите, пак, се снаоѓаат како знаат и умеат.

„Страв ме фаќа од самата помисла дека треба да одам на клиника. Апелите да не се влегува со возила во кругот на клиничкиот центар не го решаваат проблемот. Особено кога се работи за постари и изнемоштени лица, а брзата помош ќе одбие да дојде“, вели К.С. за ЦИВИЛ Медиа.

А. П.

 

Tags: Брза помошКлинички центарметежСКОПЈЕсообраќај
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ