• Latest

Хаос на паркинзите, животите на пациентите загрозени, медиумите бавни и арогантни, институциите молчат!

January 27, 2018
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хаос на паркинзите, животите на пациентите загрозени, медиумите бавни и арогантни, институциите молчат!

January 27, 2018 12:11
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Видеото на граѓанската новинарка Даниела Мирчевска објавено на сајтовите на ЦИВИЛ на 13 октомври 2017 година, од возилото на итна помош кое е заглавено на паркингот на Клинички центар, четири месеци подоцна, сѐ уште ја бранува јавноста, но од институциите ни глас. Тој прилог на граѓанската новинарка и активистка е уште еден доказ дека граѓанското новинарство е секогаш најблиску до настаните и ги исполнува потребите на граѓанките и граѓаните за навремено информирање од местото на настанот. Веќе одамна, благодарение на граѓанското новинарство, не мораме да ги чекаме медиумите да реагираат. Тие, како и институциите, се бавни, неефикасни и корумпирани.

Неколку портали, кои арогантно ја негираат важноста на граѓанското новинарство, но истовремено ги користат прилозите и ги кршат авторските права на граѓанските новинар(к)и кои не се анонимни, деновиве го преобјавуваат ова видео, со повеќе четири месеци задоцнување, односно тогаш кога ним им одговара.

Видеото е објавено е на 13 октомври, но тогаш порталите го игнорираа овој јасен и гласен повик да се реши овој проблем кој секојдневно го загрозува животот на пациентите на најголемата државна клиника во земјата. Видеото е наградено со прва награда во редовните двомесечни наградни циклуси на ЦИВИЛ, со проектот Граѓански објектив, на 22 декември 2017 година. И тогаш порталите ја игнорираа поканата за овој настан.

Тогаш, авторката на ова видео, Даниела Мирческа, сведочеше пред камерите на ЦИВИЛ Медиа за загрозувањето на животот на детето на паркингот на Клинички центар, кој го регистрираше со камерата на својот мобилен телефон.

Потресната реакција на докторката одговорна за детето не ги остави рамнодушни сите оние кои го погледнаа видеото. Жестоките реакции на социјалните мрежи не стивнуваат. Но иако видеото предизвика бурни реакции од јавноста, институциите сѐ уште молчат. Сообраќајниот хаос во клиничкиот центар е секојдневие, а ниту директорите, ниту Паркинзи на Град Скопје под чија надлежност се паркинзите во кругот на клиниките, немаат слух за решавање на проблемот.

Вработените на клиниките велат дека не ретко овој проблем ги чини пациентите живот. Пациентите, пак, се снаоѓаат како знаат и умеат.

„Страв ме фаќа од самата помисла дека треба да одам на клиника. Апелите да не се влегува со возила во кругот на клиничкиот центар не го решаваат проблемот. Особено кога се работи за постари и изнемоштени лица, а брзата помош ќе одбие да дојде“, вели К.С. за ЦИВИЛ Медиа.

Таа ја раскажува својата голгота која ја преживеала пред неколку недели.

„Ни дадоа упат за на инфективно за мојот татко кој е во поодминати години и речиси неподвижен. Тргнавме со автомобил бидејќи од брзата помош одбија да го земат, со образложение дека не се такси служба. Најпрво нѐ дочека колона од возила до училиштето „Кочо Рацин“, кои чекаат да влезат на паркингот. Кога конечно стигнавме на инфективна, ни дадоа четири интерклинички упати за различни испитувања на различни клиники. Побаравме количка за да можеме да се движиме низ уличките без автомобил, но добивме одговор дека количката може да ја користиме внатре во клиниката, но не и за да го пренесеме на друга клиника. Се одлучивме за автомобил. Неколку пати дури и свесно возевме во спротивен правец, молејќи се да не дојде некое возило или Брза помош, бидејќи внатре во самиот центар клиниките не се поврзани една со друга. Ако не го сторевме тоа ќе моравме да излеземе од центарот и повторно да чекаме цела колона од возила за да влеземе. Тоа значеше дополнително време кое го немавме, бидејќи бевме ‘итен случај кој веднаш мора да се хоспитализира’ според зборовите докторката на чија врата затропавме последно. Изгубивме драгоцени саати за на крајот да добиеме коментар ‘па што сте чекале до сега’“, вели К.С.

Додека институциите молчат, револтот на граѓаните расте. Тие секојдневно се соочуваат со вакви ситуации, а неретко се случуваат и инциденти.

Маја Ивановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Граѓански објективграѓанско новинарствоДаниела МирческаинституцииКлинички центарМедиумипаркингпациентиЦивил
Share164Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ