• Latest

Кога работи, ТЕЦ „Осломеј“ скратува 115 животи годишно

December 3, 2018
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кога работи, ТЕЦ „Осломеј“ скратува 115 животи годишно

December 3, 2018 15:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 115 предвремени смртни случаи годишно се последица на емисиите на штетни супстанци емитувани од термоелектричната централа „Осломеј“, се проценува во техничкиот извештај „Здравствено влијание на термоелектричните централи на јаглен на Западен Балкан“, што во 2016 година го изработила група експерти од  Алијансата за здравје и животна средина (HEAL) од Брисел, Белгија.

Алијансата е мрежа на повеќе од 70 организации и водечка непрофитна организација во ЕУ за влијанието на животната средина врз здравјето.

Според студијата, централата, која работи на нискокалоричен јаглен лигнит, со сегашната технологија емитува 18 пати повеќе сулфур диоксид,  двапати повеќе азотни оксиди и дури 21 пат повеќе ПМ 2,5 честички од европските стандарди.

Двете термоелектрани во земјава, РЕК „Осломеј“ и РЕК „Битола“ немаат А-интегрирана еколошка дозвола, но имаат специјален статус и рок до 1 јануари 2028 година да го намалат загадувањето на нивото потребно да ја добијат дозволата.

Студијата, која опфаќа 16 централи на јаглен од Западен Балкан и нивното влијание врз здравјето, проценува дека работата на „Осломеј“ годишно го чини општеството меѓу 48 и 132 милиони евра потрошени за лекување од последиците на загадувањето.

„Почнувајќи од 2018 година, балканските централи на јаглен ќе мораат значително да ги намалат емисиите на штетните гасови. Станува сè појасно дека операторите од самиот почеток ќе имаат проблеми да ги достигнат целите во намалувањето на загадувањето. Владите на земјите од Западен Балкан не треба да чекаат и да ги одложуваат мерките до 2028 година, кога конечно мора да бидат достигнати граничните вредности пропишани во Анексот 5 на Директивата на ЕУ за индустриски емисии. Постојат и гранични вредности кои мора да се достигнат и во 2018, или 2023 година. Владите се одговорни за тие да се достигнат. Покрај тоа, државите кои ќе станат членки на ЕУ пред 2028 година веќе ќе мораат да ги имаат исполнето овие стандарди“, се нагласува во студијата.

Извештајот проценува дека околу 580 животи годишно би се спасиле ако македонските централи на јаглен го доведат нивото на загадување на воздухот до она пропишано со европската Директива за индустриски емисии.

Игор К. Илиевски

 

Print Friendly, PDF & Email
Share43Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ