• Latest

Голем интерес за конференцијата за антикорупција на која ќе говори и премиерот Зоран Заев

December 5, 2018
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Голем интерес за конференцијата за антикорупција на која ќе говори и премиерот Зоран Заев

December 5, 2018 10:49
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ако порано за корупцијата не смееше ни да се мисли, сега за неа се говори и дискутира отворено, гласно и остро. Еден ден пред одржувањето на конференцијата „За општество ослободено од корупцијата“ (четврток, 6 декември, хотел Парк, 13:30 часот), организаторите од ЦИВИЛ и Зелена лупа, ја информираат јавноста дека интересот за овој настан е изненадувачки голем, имајќи предвид колку е густ календарот на настани во овој период на годината. Прв говорник на Конференцијата ќе биде премиерот Зоран Заев кој ќе ги претстави антикорупциските чекори на неговата влада и ќе одговара на прашањата од оваа област.

Понатаму, заменик министерот за правда Оливер Ристовски се очекува да ги претстави владините постапки поврзани со новиот предлог закон за антикорупција. Розета Трајан, експертка со големо искуство и генсек на Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе говори за искуствата во борбата против корупцијата.

Ќе говори и активистката и експертка за човекови права, проф. Мирјана Најчевска, како и Ване Цветанов, претседател на Зелена лупа, поранешен директор на Агенцијата за спречување на перење пари, подоцна обвинет во судско-полицискиот случај „Шпион“. Конференцијата ќе ја води Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, кој ќе говори за корупцијата во изборните процеси и политичката култура на корумпираното општество.

Конференцијата ќе биде ретка прилика на едно место да се видат највисоките претставници на Владата, експертската заедница, институциите и невладините организации и да разменат ставови за најжешката тема во земјава и во светот – корупцијата.

Освен потврдените шест говорнички и говорници, до сега своето учество го најавија и Џевдет Хајредини, експерт за финансии и поранешен министер за финансии, Павле Трајанов, претседател на Демократски Сојуз и низа други. Пријавувањето за учество трае најдоцна до 17 часот денеска на ФБ страницата на ЦИВИЛ или на мејл civil@civil.org.mk. Своето присуство го најавија и повеќе претставнички и претставници на меѓународната заедница. Терминот на конференцијата е ограничен на 120 минути.

Конференцијата има цел да иницира создавање јавен простор во кој прашањата поврзани со корупцијата ќе се дискутираат во континуитет, со учество на пошироката јавност во интеракција со релевантни претставници на различните владини сектори, граѓански организации, институции и експерти. Поканети се претставници на медиумите, граѓанските организации и институциите, како и претставниците на меѓународната заедница.

Врз основа на излагањата и коментарите, ЦИВИЛ ќе подготви и препораки што ќе ги претстави во јавноста преку својата медиумска платформа и соопштенија до јавноста.

Конференцијата е дел од проектот „Граѓанките и граѓаните за слободно општество“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

ЦИВИЛ – Центар за слобода

 

Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ