ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СОДРЖИНАТА: Текстот што следи содржи исклучително вознемирувачки и експлицитни описи на екстремно сексуално насилство и воени злосторства врз малолетници. Се препорачува голема внимателност кај читателите.
Системските ѕверства во окупираните територии во Украина, потврдени по ослободувањето од медицински лица на терен и документирани од Обединетите Нации и низа други организации, не смеат да бидат релативизирани.


Го објавуваме овој цитат на Роман Шеремета, украинско-американски економист и универзитетски професор, за да сведочиме за вистинската, човечка цена на оваа војна.
Ако би го опишал целосниот обем на руската бруталност, би бил блокиран од оваа платформа (Фејсбук, н.з.). Затоа, само ќе го споделам текстот од еден мој познаник:
„Се сретнав со докторка во Кијив која работела во ослободените области на Херсон, кои Русите ги држеа под окупација 7 месеци.
Таа рече дека имале мали девојчиња кои биле толку брутално сексуално злоупотребени што веќе не постои преграда меѓу анусот и вагината. Како лекари, никогаш не виделе такво нешто и не можат да направат ништо за да помогнат.
Кога некои на Запад велат дека Украина треба да се предаде, ова е тоа на кое би се предале.“
Во Редакцијата се отвори дискусија дали да ја пренесеме оваа објава на Шеремета, поради длабоко вознемирувачката природа на информациите кои, во секој случај, со совпаѓаат со меѓународни извештаи и со сведоштва од теренот при моите патувања во Украина.
Сепак, донесовме одлука да го објавиме ова, соодветно на нашата посветеност кон човековите права и вистината. Колку и да е тешко, ова нè обврзува да не го свртиме погледот настрана.
Во светската јавност и во дипломатските кругови со години гледаме стерилни, па и крајно лицемерни дебати за тоа дека Украина мора да направи отстапки, дека е неопходно замрзнување на конфликтот и слични манипулативни „реал-политички“ трикови. Оваа редакциска одлука е дотолку поважна, бидејќи се заснова на должноста да ја разоткриеме суровата, брутална реалност на руската окупација.
Оваа објава е само еден мал сегмент од стотиците извештаи за силување и родово базирано насилство во териториите под контрола на рускиот агресор. Тоа е терор кој трае од почетокот на првата воена агресија против Украина во 2014, а добива масовни и грозоморни размери по целосната инвазија во 2022 година.
Џабир Дерала












