• Latest

Алијанса на Албанците и Беса на Касами го нападнаа Зоран Заев

December 16, 2018

Вештачење од 2024: Мазутот од РКМ не загадувал, а работењето на ТЕЦ Неготино ѝ заштедило над 12 милиони евра на државата

July 25, 2026

Кијив ја мина ноќта во подземните метро станици

July 25, 2026

Напад со балистички ракети во Буча кај Кијив – 10 загинати, околу 100 повредени, агресорот потрошил 17-20 милиони долари за нападот

July 24, 2026
Волфганг Ресман, Медија дијалог, Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ)

ВОЈНА НА ТЕРОР: Д-р Волфганг Ресман за рускиот ракетен терор во Кијив

July 24, 2026
Илустрација ВИ

ЕУ го казни Гугл со рекордни 890 милиони евра поради нарушување на конкуренцијата

July 24, 2026
Фото: Фронтлајн

Унгарија отвори истрага за заемот од една милијарда евра за Северна Македонија

July 24, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Вашингтон со нова царинска офанзива, ЕУ, Кина и Канада реагираат

July 24, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Затишје што не навестува ништо добро

July 23, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Ознаката PRESS може да значи смрт

July 23, 2026

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Алијанса на Албанците и Беса на Касами го нападнаа Зоран Заев

December 16, 2018 07:46
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Алијансата за Албанците на Зијадин Села и Движењето Беса предводено од Билал Касами бараат од премиерот Зоран Заев да ја повлече изјавата за формирањето на војската во Косово.

Според партијата на Зијадин Села, со последниот став, дека одлуката за формирање на војска во Косово е избрзана „само го покажува црното и националистичко лице на премиерот Заев, најпрвин против Албанците и Косово, но и кон САД како главни поддржувачи на основањето на Војската на Косово.“

„Овој речник на Заев за Војската на Косово го става под знак прашалник и неговиот однос кон САД, бидејќи едно Косово без војска ќе им одговараше само на Србија и Русија. Затоа, премиерот Заев е добро да го гледа својот двор и да ги спроведе потребните реформи во Македонија и да не се меша во внатрешната политика на државата на Косово. Алијансата на Албанците бара од премиерот Заев што побрзо да ја повлече својата изјава и да му честита на Косово во името на Македонија“ – се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.

Движењето Беса предводено од Билал Касами, пак, цени дека Косово е независна држава и има легитимно право да има војска за заштита на територијалната целина и слободата на нејзините граѓани. Избрзаната изјава на премиерот Заев против Војската на Косово, според оваа партија, колку е навредлива за една слободна држава, исто толку звучи како и национализам од минатото време.

„Движењето Беса бара од премиерот на земјата да се дистанцира од оваа скандалозна изјава и да бара јавно извинување, кога се знае дека формирањето на војската на Косово ја има и силната поддршка од САД. Неговата изјава го одразува вистинското лице на „мултиетничката“ Македонија, ги прави да се чувствуваат навредени и Албанците на оваа земја, кои му дадоа полн мандат за да владее, а не за да зборува глупости и национал-комунистички варваризми“ – се вели во реакцијата на партијата на Билал Касами.

Инаку, во одговор на новинарско прашање по повод формирањето на Косовските одбранбени сили, премиерот Зоран Заев ги цитираше НАТО и ЕУ, ценејќи дека тој е избрзан чекор и дека Балканот не сака да биде буре барут.

Арбен Зеќири

Share30TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ