• Latest

Трајан: На ДКСК му се потребни членови што нема да им служат на политичките елити

January 2, 2019
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Трајан: На ДКСК му се потребни членови што нема да им служат на политичките елити

January 2, 2019 14:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Искрено речено, не посакувам ваква година да ни се случи како институција, од едноставна причина што, под притисок на јавноста, се откри корупцијата којашто била во Антикорупциска со години“, посака Розета Трајан, генералната секретарка на Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупција, во разговор за ЦИВИЛ МЕДИА, како дел од серијалот „Перспективи 2019“.

Трајан истакна дека во 2018 бевме соочени со фактот дека политичките елити немаа волја да ги решат ваквите ситуации, токму поради законските недоречености, што ја доведе ДКСК да се соочува со година во која членовите принудно си дадоа оставки, а самата институција остана нефункционална.

„Година што, иако изнесе многу проблеми на површина, донесе и нова надеж и потреба за носење подобро законско решение и надминување на сите проблеми што низ годините ги имала нашата иституција“, изјави Трајан за ЦИВИЛ МЕДИА, укажувајќи дека цела една година е могу долго време да се донесат нови законски решенија и избор на нови членови.

Сепак, таа се надева дека ДКСК конечно ќе има членови што се независни, професионални, експерти од областа на борбата против корупцијата.

„Ако имаме предвид што е меѓународен стандард, тогаш ќе дојдеме до заклучок дека институциите на светско и глобално ниво се дел на превенција и репресија… Во оваа броба која е особено тешка и комплицирана не само ДКСК и истражните органи, како МВР, обвинителство, судовите, значајна и повеќе од потребна алатка и подршка секако се и граѓанските организации, граѓанските активисти, новинарите и самата јавност“, истакна Трајан, укажувајќи дека е потребен еден сеопфатен пристап во кој целото општество ќе биде инволвирано.

„По дефиниција, борбата со корупцијата значи пред сè отвореност, транспарентност и очетност“, рече Трајан.

Очекувањата за 2019 година, како што истакна Трајан, се конечно донесување на новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси, избор на нови членови на ДКСК што ќе бидат осободени од политичките стеги и што нема да им служат на политичките елити, Секретаријат со зајакнати овластувања и права на вработените.

Текст и монтажа: Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Фотогорафија: Ангела Петровска

 


Овој разговор е дел од серијалот „Перспективи 2019“ во рамките на проектот „Граѓанки и граѓани за слободно општество“ на ЦИВИЛ, со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. 

Share17TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ