Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ, на денешната прес-конференција изјави дека е обезбедена поддршката на минимум 80 пратеници за усвојување на уставните измени.
„Имам информации го дека нешто над 80 пратеници се уверија дека иднината на Македонија е во ЕУ и НАТО, а тоа е условено со Договорот од Преспа и со уставните промени“, изјави Кирацовски.
На прашањето за денешниот протест на „Македонија блокира“ и „Тврдокорни“, Кирацовски изјави дека тоа е демократско право на секој граѓанин, но дека е повеќе од уверен дека сето тоа е во спрега со антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и некои можеби внатрешни и надворешни сили кои очајно сакаат да ја спречат интеграцијата на РМ во НАТО и ЕУ.
Денеска во Собранието ќе започне пленарната седница на која треба да се гласа за уставните амандмани, а со нивно изгласување треба да се заокружи имплементацијата на Договорот од Преспа.
А. П.