• Latest

Чадиковски: Политичкиот пресврт не е доволен доколку внатре не се променат состојбите

January 22, 2019
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Чадиковски: Политичкиот пресврт не е доволен доколку внатре не се променат состојбите

January 22, 2019 14:08
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„2018 година беше исклучително интересна година, иако ние може да кажеме дека секоја година во македонското општество ја оценуваме како судбинска, интересна, поврзана со големи настани… Така беше и минатите три – четири години, кога практично се создаваше таа база за позначајни промени во општеството и 2018 година требаше да биде таа година што навистина ќе ги донесе промените во општеството, не само на еден симболичен начин, туку и на посуштински начин во повеќе сфери на живеењето“, изјави претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски, за „Перспективи 2019“. 

Иако 2018 година според него требаше да биде таа година на позначајни промени во општеството, Чадиковски вели дека тоа не се случило во доволна мера или барем не онака како што очекувале граѓаните кои сакале да видат едно поинакво општество.

„Тоа сепак беше поттиснато од други настани и случувања, бидејќи Владата и најголемиот дел од владиниот тим беа фокусирани на надворешната политика и тоа доведе до ситуација да бидат запоставени домашните задачи и обврски. Дали некој денеска се сеќава на извештајот на Прибе, на пржинските обврски и на работите кои што требаше да донесат суштински промени… Веројатно тоа сега е оставено само  како дел од медиумската заедница која постојано го потсетува и премиерот и останатите на овие обврски што се исклучително значајни. Но, од друга страна пак, го добивме Преспанскиот договор, којшто е еден навистина значаен, иако за многумина во општеството болен чин бидејќи предвидува промена на уставното име на Македонија, но ги отвора перспективите за Евро-атланска интеграција, прво НАТО па потоа и преговорите со Европската унија“, вели Чадиковски.

Чадиковски вели дека за оваа 2019 година и за промените на внатрешниот план во државата, очекувањата се секогаш големи, но доколку се следи досегашниот период низ што сè поминала Македонија и како настапувале промените во институциите, тој не може да каже дека е преголем оптимист.

„После Преспанскиот договор, многу работи ќе зависат од личниот капацитет на оние што ги водат и создаваат политиките и на оние што ги спроведуваат. Не е важно само на врвот да имате две – три умни глави кои што знаат што да кажат, многу е поважно како сето тоа ќе се спроведе на терен. Политичката волја е едно и се надеваме дека за поголеми промени постои, а второ е како сето тоа ќе се спроведе на терен“, додава Чадиковски.

„Ако Македонија ги добие преговорите со ЕУ, тогаш мислам дека ќе бидеме под посилни рефлектори и овој полу мрак на функционирањето на институциите ќе биде силно осветлен и работите би оделе под поинакво темпо. Остварувањето на целта на преговори со ЕУ исто така е тешка задача и не сум убеден дека Брисел ќе ја грантира Македонија за сето тоа што го постигна со меѓународната полтика. Мислам дека тие ќе инсистираат на домашните задачи, правосудството, битката со корупција, медиумите и ослободување на пазарните стеги на економијата, за да почнат преговорите со ЕУ“, додава Чадиковски.

Ангела Петровска
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Биљана Јордановска 

Share13TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ