Пратениците во Собрание ги изгласаа дополнувањата на Законот за пратеници со кои на Никола Груевски ќе му се укине пратеничката плата, со 53 гласа „за“, 2 гласа „воздржани“ и ниту еден глас „против“.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, беше еден од воздржаните, со образложение дека не е убеден во решението на законот.
Со овие измени секој пратеник кој е осуден и ќе биде осуден правосилно со затворска казна подолга казна од шест месеци го губи правото на плата.
Подносители на предлогот се Снежана Калеска Ванчева, Горан Мисовски, Мухамед Зеќири, Соња Мираковска, Реџеп Мемеди и Реџаил Исмаили.
Македонскиот азилант во Унгарија, поранешниот премиер Никола Груевски, веќе три месеци е во бегство, а на 20 ноември тој доби политички азил.
А. П.