Портпаролот Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција изјави дека откако ќе биде направена анализата околу актуелните вработувања на лица блиски на функционери и пратеници, доколку се покаже дека има форми на протекционизам, тогаш ќе се реагира.
„Процесот е почнат и ние сакаме да заврши што побрзо, за да ја информираме јавноста. Премиерот беше прилично јасен – правиме проценка и кога ќе се направи таа анализа секаде каде ќе се утврди дека има форми на протекционизам, ќе се терминираат тие работни позиции“, додаде Бошњаковски.
А. П.