Средбата зад затворени врати за приближување на ставовите околу евентуален консензуален претседателски кандидат меѓу Заев и Ахмети заврши за само околу еден час. Консензус, сѐ уште нема.
Консултациите ќе продолжат, до крајот на неделата ќе се знае дали ќе има заеднички кандидат, следната недела ќе се разговара за имиња и јавно ќе се обелоденат, рече Заев во крактата изјава по средбата.
И Ахмети во истиот дух. Според него ова било само консултативна средба, на која се договориле со преговорите да продолжат секретарите на партиите. И тој потврди дека на денешната средба не се разговарало за имиња.
Арбен Зеќири