• Latest

Зошто Државниот завод за ревизија сѐ уште не е комплетиран?

February 21, 2019
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Зошто Државниот завод за ревизија сѐ уште не е комплетиран?

February 21, 2019 09:37
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот завод за ревизија сè уште е без главниот државен ревизор, а сета одговорност на оваа институција му припаѓа на заменикот главен државен ревизор, Насер Адеми.

Последно што е познато во јавноста е дека сè уште се чека на одлука на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, да се избере кој ќе биде главен државен ревизор. Пратениците од опозицијата и владејачкото мнозинство што се членови на Комисијата, не можеле да се договорат за најсоодветниот кандидат.

Самата Комисија за избори и именувања имаше прилично интензивен период. Последната итна одука што се донесе во последен момент беше именување на членовите на Државната комисија за спречување на корупција.

Што е функцијата на оваа институција? Државниот завод за ревизија започна да функционира во почетокот на 1999 година, со девет вработени, преземени од Дирекцијата за економско – финансиска ревизија во поранешниот Завод за платен промет.

Првите ревизии беа направени во текот на 1998/99 година, а првиот Годишен извештај за работењето на Државниот завод за ревизија и извршените ревизии беше поднесен до Собранието на Република Македонија во 2000 година.

Покрај ревизијата на регуларност (финансиска ревизија заедно со ревизија на усогласеност), од 2005 година, Државниот завод за ревизија врши и ревизија на успешност, а од поново време и ревизии за следење на дадените препораки и тематски ревизии. Во мај 2010 година, се донесе нов Закон за државна ревизија кој имаше за цел да ја зајакне улогата на заводот како врховна ревизорска институција, независна во своето работење и со целосно усогласување со меѓународните стандарди и пракса. Овој закон низ годините имал многу мали и незначителни промени.

Задачите пропишани со овој закон, меѓу другото, се испитување на документите, исправите и извештаите, сметководствените и финансиските постапки, електронските податоци и информационите системи и други евиденции. Ова значи дека се истражува дали финансиските извештаи вистинито и објективно ја искажуваат финансиската состојба и резултатот на финансиските активности во согласност со прифатените сметководствени начела и сметководствени стандарди. Понатаму, ДЗР врши и испитување на финансиските трансакции кои претставуваат јавни приходи и јавни расходи во смисла на законско и наменско користење на средства.

За ДЗР веќе половина година се молчи, особено затоа што сè уште нема главен државен ревизор. Но, дека си ја вршат работата барем во изборниот дел, конкретно со ревизија на финасиските извештаи на политичките партии, сведочат нивните извештаи достапни на нивната веб страница.  А дека си ја вршеле во делот на нивните ингеренции, потсети и Џабир Дерала во едно од неговите рафали.

„Вемеро бара и ДКСК да нема ингеренции во следењето на финансирањето на политичките партии. Според нив, доволно е тоа прашање да го покрива Државниот завод за ревизија (ДЗР). Да потсетиме, ДЗР им откри дупка од 3,5 милиони евра за изборите во 2011 година и – никому ништо! Како и да е, логиката на вемерото е во прашањето: „Што има ДКСК да се занимава повеќе и подлабоко со тоа како се финансираат политичките партии и изборните кампањи?“ Навистина, мислам дека се во право. Најдобро е со закон да се уреди контролата на финансиите на сите политички партии, освен за ВМРО-ДПМНЕ! И тогаш, законот ќе биде откочен и Македонија ќе поита во своето добро познато славно минато, а не некоја си влада овде да ја промовира неизвесната „македонска иднина“ – пишува Дерала во колумната Кој и како ја кочи Антикорупциска?“ (ЦИВИЛ Медиа, 15 јануари 2019).

Очигледно, на релевантните фактори не им се брза со кончената одлука кој ќе ја предводи институцијата. Претходен главен ревизор беше Тања Таневска, чиј мандат истече во 2017, која исто така беше и предлог за директорка на Оперативно техничката агенција, ОТА. Таа позиција на крај ја доби Зоран Ангеловски, кој беше изгласан на 5 септември 2018. Главниот државен ревизор не стигна на дневен ред ниту по повеќе од една година.

Меѓу другото, во контекст на изборите, ДЗР е задолжена за следење на финансиските извештаи на изборната кампања на политичките партии, што според законот се должни да ги поднесат. Должноста на партиите е да ги поднесуваат на ревизија и годишните финансиски извештаи за добиени донации.

Биљана Јордановска

Share16TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ