Државната изборна комисија сè уште нема направено промена на името на банерот во главната сала на институцијата.
Покрај тоа, според изјавата на претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, институцијата ќе спроведува избори за Претседател на Република Македонија според документот со кој Талат Џафери ги распиша изборите.
Дерковски рече дека ќе се земе предвид и новонастанатата ситуација со промената на Уставот, но потенцираше дека тој е легалист и дека ги почитува одлуките на Собранието кое распиша избори за Прерседател на Република Македонија.
На гласачкото ливче Дерковски рече дека нема да пишува ништо освен имињата на кандидатите, како што било и на последните избори за претседател во 2014.
М. И.