Стево Пендаровски ќе биде консензуалниот кандидат за претседател, дознава ЦИВИЛ МЕДИА од неофицијални извори. Според неофицијалните сознанија, Пендаровски имал најголема поддршка од анкетираните граѓани од сите етнички заедници во земјава.
За него нашите извори тврдат дека Заев, Ахмети, Гаши и Тачи веќе се договориле, а кон оваа одлука се приклучиле и претседателите на помалите партии од коалицијата предводена од СДСМ.
Официјалното објавување на одлуката се очекува вечерва по средбата на лидерите во 20 часот во хотел Хилтон во Скопје.
А. Зеќири