• Latest

По „бруталниот инженеринг“ во 2014-та, Пендаровски доби поддршка и на Конгресот на СДСМ

March 3, 2019
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

По „бруталниот инженеринг“ во 2014-та, Пендаровски доби поддршка и на Конгресот на СДСМ

March 3, 2019 14:09
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешниот 23 конгрес на СДСМ  се очекува потврда на кндидатурата на Стево Пендаровски за претседател на престојните избори. 

Неговата кандидатура беше поддржана од 31 партија што се во коалиција со СДСМ, вклучувајќи ја и ДУИ.

На почетокот на Конгресот свое обраќање имаше и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој истакна дека  Пендаровски ќе биде претседател на сите граѓани на Репулбика Северна  Македонија.

„Претседател кој е противник на поделбите и излоациите и ја промовира Северна Македонија како глобална и праведна земја. Претседател кој ќе биде конструктивен и принципиелен партнер во започнатите реформски, интеграциски и економски процеси. Стево Пендаровски е тој претседател.  Личност со тој интегритет, со сериозно и тепмелно професионално и политичко искуство… Стево  е потврда на коцептот „Едно општесто за сите, за напредна евроатланска Реплублика Северна Македонија. Знам дека како претседател на сите граѓани во нашата земја својата сила ќе ја влече и од сите наши граѓани, а не само од оние што ќе го дадат својот глас за неговата победа“, изјави Заев.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/2297292827205545/

Истовремено, во Мала Речица се одржува и седница на Централниот комитет на ДУИ, каде освен за претседателските избори и изборот на Стево Пендаровски, како заеднички кандидат за претседател на државата, ќе се зборува и за конгресот на младината на ДУИ, конгресот на форумот на жените на ДУИ, како и за процесот на пререгистрација на членството.

ВМРО-ДПМНЕ не издржа, па излезе со оценка за изборот на СДСМ за кандидатот Пендаровски. Според нив, тој е нов Зоран Заев, маниплатор кој навредува и лаже.

„Стево Пендаровски е само бледа копија на Заев – извршител на антидржавни политики. Со Пендаровски како претседател би продолжило кршењето на уставот и девалвирањето на правната држава. Владеењето на правото ќе биде само мисловен поим, а поделбата помеѓу граѓаните ќе биде уште поголема од сега. Пендаровски е човек кој пропагира поделба, наспроти Гордана Силјановска Давкова која нуди сплотување и просперитет“, се вели во сооопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ останува убедена дека нивната кандидатка за претседателка на државата, Гордана Силјановска Давкова ќе ја добие потребната поддршка, на сметка на „новиот Заев“, како што го нарекоа Пендаровски.

И покрај јавната поддршка на ВМРО-НП за Пендаровски, одредени медиуми познати од порано како медиумски мегафони на ВМРО-ДПМНЕ, ги искористија коментарите на нивната Фејсбук објава, да прикажат дека мал круг на членови на партијата ја донеле конечната одлука во име на целата ВМРО-НП, обидувајќи се преку тие неколку коментари да прикажат дека водството на партијата претставува тесни интереси, а не на целосното членство.

„Посебна благодарност сакам да изразам до политичката коалиција, предводена од СДСМ и лично до премиерот Заев, кои направија политички потег без преседан, по пет години да ми дадат шанса повторно да влезам во трката за претседател, откако во 2014-та, сите ние, бевме предмет на брутален изборен инженеринг“ – изјави Стево Пендаровски, по вчерашната средба на 31 партија што ја поддржаа неговата кандитатура.

Биљана Јордановска

Share59TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ