Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Министерството за внатрешни работи достави наредби за издавање на централни и меѓународни потерници за две лица.
Како што соопштуваат од обвинителството, за лицата за кои се донесени наредбите постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик.
Меѓународните потерници се однесуваат на Никола Груевски и Никола Бошковски. На 20 февруари, надлежниот јавен обвинител за гонење на оргнизиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражан постапка за 5 обвинети, меѓу кои иве двајца недостапни за органите на прогон.
Станува збор за Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, што беа притоврени, и Трајко Вељановски, заштитен со пратеничкиот имунитет.
Сите петтмина беа осомничени за организатори на настаните во Собрнаието од 27 април. Груевски се бера со меѓународна потерница и за случајот „Тенк“, а Бошковски за предметот „Таргет-Тврдина“.
Б. Ј.