• Latest

5 март: Претопување на СЈО, старо-ново министерство, претседателски кандидати, новинари во кампања…

March 5, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

5 март: Претопување на СЈО, старо-ново министерство, претседателски кандидати, новинари во кампања…

March 5, 2019 17:30
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СЈО станува дел од ОЈО

Владата на денешната седница го усвои Законот за Јавното обвинителство во кој е регулиран статусот, автономијата и надлежностите на СЈО. Со новото законско решение, тоа ќе стане дел од системот на јавното обвинителство.

„Бомбите“, односно материјалите од нелегално прислушуваните разговори СЈО нема да може да ги користи како доказ во предметите „Талир“ и „Империја“, односно во сите случаи кои ги покренале по 30 јуни 2017 година. Исто така, СЈО ќе има рок до септември 2020 година да ги слуша бомбите и дотогаш да ги искористи како индиции за сторени кривични дела, но не и како докази. Овој Закон помина на Влада, а во наредните денови се очекува да го помине и собранискиот филтер.

На повидок ново министерство

На 14 март пред пратениците во Собранието ќе се најде предлогот за формирање ново министерство кое ќе биде за политички систем и односи меѓу заедниците. Тоа, всушност, ќе биде Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор за кој група пратеници предлагаат да прерасне во министерство.

Со личноста што ќе застане на чело на тој ресор, бројот на министри и вицепремиери во Владата на Зоран Заев најверојатно ќе остане непроменет, односно 25, бидејќи извесно ќе биде укинувањето на функцијата вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем на која во моментов се наоѓа Хазби Лика.

Дури и да не се формира новото министерство, Република Северна Македонија ќе биде меѓу водечките европски земји по бројност на владиниот состав, наспроти тоа што СДСМ, додека беше во опозиција, ветуваше дека ќе го намали министерските позиции.

Претседателски избори 2019 со тројца кандидати

Сѐ поизвесно е дека на претстојните претседателски избори ќе се бира меѓу тројца кадидати, а останатите петмина кои собираат потписи речиси и немаат шанси да ја официјализираат кандидатурата до сабота (9 март), кога истекува и рокот за давање на граѓанска поддршка за претендентите на претседателската функција во државата.

Прва се кандидира и собра потписи за поддршка, професорката Гордана Силјановска Давкова. По неа следеше професорот по меѓународно право, Блерим Река, поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА. Третиот познат кандидат е професорот Стево Пендаровски кој ја доби поддршката од 31 политичка партија на сите етнички заедници во земјата. Тој, најверојатно, ќе се кандидира за претседател на државата со поддршка од најмалку 30 пратеници.

Новинари и водители не смеат да учествуваат во изборна кампања

Здружението на новинарите на Македонија ја повикува Македонската радио телевизија да го истражи случајот каде нивната вработена новинарка Гордана Ѓорчева, на 18-годишнината на Конференцијата на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, се појави во улога на водител.

ЗНМ смета дека со овој ангажман колешката Гордана Ѓорчева го прекршила Изборниот законик, каде во членот 75-в е наведено дека: „Уредници, новинари, водители на програма и презентери, ангажирани во подготвување програми на радиодифузерите, не смеат да учествуваат во предизборни активности на политички партии, коалиции, групи избирачи и нивни претставници, односно учесници во изборна кампања“. Во Изборниот законик е предвидена и мерка доколку новинарот сепак се одлучи да настапи на партиски собир и таа гласи: „Доколку се определат да учествуваат во вакви активности, нивниот ангажман во програмите на радиодифузерите им мирува од денот на распишување на изборите до нивното завршување“.

Утре завршува конкурсот за пријавување за набљудувачи на изборниот процес

Конкурсот за пријавување на заинтересираните краткорочни и долгорочни набљудувачи на ЦИВИЛ за претстојните претседателски избори завршува утре (6 март) во 17 часот.

Предност за учество на овој конкурс имаат оние што веќе биле набљудувачи за организацијата во претходните изборни процеси, како и оние што ги посетувале семинарите за граѓанско новинарство. Сепак, сите заинтересирани треба да пополнат апликација, а посебна комисија ќе ја изврши финалната селекција. Едно од правилата е дека не може да се биде набљудувач за две организации истовремено. Партиски активисти немаат право на учество во овој повик.

М. Ивановска

 

Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ