Откако биле донесени во Собранието закони со новото име на државата, претседателот Ѓорге Иванов одбива да ги потпише.
Од Собранието објаснуваат дека по четири вратени закони, праксата продолжила и со сите останати што истите ќе мора да се гласаат уште еднаш. По второто гласање, според процедурата, Иванов треба да ги потпише.
Коментар за ваквото однесување на претседателот нема ниту од неговиот кабинет, ниту од кабинетот на Талат Џафери.
За потсетување, Законот за јазици и Договорот од Преспа, исто така, не беа потпишани од Иванов, но, сепак, беа објавени во Службен весник.