• Latest

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во клинч за СЈО

March 18, 2019
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во клинч за СЈО

March 18, 2019 16:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за правда, Рената Дескоска и адвокатот Тони Менкиновски кои ги предводат работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за реформските закони, денеска во 16 часот ќе ја одржат својата прва средба зад затворени врати.

На првиот состанок на работните групи кои беа договорени на неодамнешната лидерска средба меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски се очекува да се отворат разговори за амандманите на опозицијата и за нивните забелешки за предлог Законот за јавно обвинителство според кој е предвидено Специјалното јавно обвинителство да се припои кон ОЈО, но како независна единица во Јавното обвнителство.

Опозицијата, како што претходно потврди Мицкоски нема ништо против постоењето на специјално обвинителство кое ќе гони корупција и криминал во високите ешалони на власта, но истакна дека поддршка од опозициската партија нема да добие актуелниот тим на СЈО на чело со Катица Јанева, затоа што тоа е селективно и се користи како алатка против ВМРО-ДПМНЕ.

Како најголема дамка во работењето на обвинителката Јанева, Мицкоски ги посочи наводите за наводни уцени што му биле упатени, откако барал одговор од Јанева зошто е замрзнат имотот на ВМРО – ДПМНЕ. Мицкоски тврди дека Јанева понудила да се одмрзне имотот на партијата, а во замена за таквата услуга побарала поддршка од опозицијата за продолжување на мандатот на СЈО. Опозицискиот лидер бара обвинителот да се избира на предлог на опозицијата.

Од друга страна, пак, Заев, потенцираше дека за изборот на обвинител одлучува Советот на обвинители. Тој истакна дека преговорите за новиот Закон за јавно обвинителство со кој се решава и судбината на СЈО не се пазар за криминал и дека единствено што му е познато од ставовите на Христијан Мицкоски е тоа дека не му се допаѓа Катица Јанева и нејзиниот тим.

„Кој сум јас и кој е Христијан Мицкоски да кажуваме кои обвинители треба да бидат избрани, а кои не, кога има Совет на јавни обвинители и таму се прави изборот“, рече Заев.

Работните групи до крајот на март се очекува да обезбедат поддршка и за другите реформски закони и тоа за Агенција за национална безбедност и за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.

За Движењето Беса е сосема неприфатливо Албанците, односно албанските политички претставници, да не бидат вклучени во донесувањето одлуки за вакви важни процеси кои директно влијаат на интересите на Албанците во ова држава.

„Законот за јавното обвинителство, иднината на специјалното обвинителство, отворањето поглавја за членство во Европската унија, законот за трансформација на ДСК во нова разузнавачка агенција, реформските закони како и многу други теми што не се ексклузивни прашања само на македонските политички партии , туку се теми и прашања кои бараат поширок меѓуетнички консензус“, реагираа од Беса, по средбата меѓу Заев и Мицковски.
Граѓанските организации кои се дел од Блупринт групата на организации фокусирани на следење на правосудните реформи и застапување за нивно спроведување, не се согласуваат со начинот на кој се одвива носењето на измените и дополнувањата на Законот за Јавно обвинителство (Законот). Со овој закон се уредува понатамошното постоење, функционирање и надлежност на сегашното Специјално јавно обвинителство (СЈО) без да бидат анализирани значајни проблеми поврзани со работењето на СЈО, познати речиси од самиот почеток на работата на обвинителството, а не се земени и досегашните препораки од граѓанските организации и експертите. Затоа, бараат доработка на измените и дополнувањата на Законот, со фокус на одредбите кои се однесуваат на понатамошниот статус и работа на СЈО.

Тие додаваат дека Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за Јавното обвинителство, која беше усвоена од Владата, се разликува од верзијата на работната група, а која беше презентирана преку Советот за следење на реформите во правосудството. Граѓански организации кои учествуваат во работата на Советот, сметаат дека на овој начин, непостапувајќи по препораките кои ги дава Советот, неговата улога ќе биде сфатена како декор и нема да ја врши својата главна мисија на дејствување – контрола на процесот на спроведување на Стртаегијата за реформи во правосудството 2017 – 2022 година.

Д.М.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    174 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ