• Latest

Исчистете го фашистичкиот шљам од институциите!

March 25, 2019
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Исчистете го фашистичкиот шљам од институциите!

March 25, 2019 10:32
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Не ме чуди што во Македонија има вртоглава бројка од функционално неписмени, луѓе со затапен и заболен морал, лесни за манипулација и политичка лоботомија. Откако ќе им се исперат мозоците и ќе им се исчисти душата од морални и човечки скрупули, лесно е да се намалат до димензија на минијатурни шрафчиња во машинериите за социјален и политички инженеринг. Не ме чуди, бидејќи образовниот систем и културата во нашата земја се отровни и заболени. Но, за тоа, набрзо, во еден од моите следни рафали.

Џабир Дерала

„Нобелова награда за храброст да му се даде на „напаѓачот“, човекот во Нов Зеланд. Браво, бравооо“ напиша Татјана Лазаровска на својот профил на Фејсбук. Навистина постои тој профил, навистина е вработена во Армијата на Република Северна Македонија. Носи униформа на оваа земја, има вештини што ги стекнала во нашиот образовен систем, прима плата од буџет што го полнат сите граѓанки и граѓани. Лазаровска е стационирана во воена единица во град со мнозинско албанско население, во артилериски род што е извонредно мобилен. Со оружјето до кое има пристап се ракува извонредно лесно, а последиците од него може да бидат разорни и трагични.

После таква порака, навистина е чудо како Владата или барем ресорното министерство на една земја, нашата, речиси и официјално членка на НАТО, не излезе со изјава во која ќе слушнеме дека тоа лице е суспендирано, одземени ѝ се дозволите за пристап до оружје и муниција и дека е под истрага да не е дел од организирана екстремистичка мрежа. Тоа е најмалку што може да го направи владата или барем Министерството за одбрана, според некои минимални НАТО стандарди. Ако веќе ништо не значат Уставот и законите на нашата земја, а би морало!

И сега, уште потревожно прашање. Уште колку вакви има во нашиот систем? Било да се Македонци или Албанци или Турци, Роми, Бошњаци, Срби, Власи… Вработени по партиска линија со или без почитување на принципите за правична застапеност, по Охридски или некој друг договор… Индоктринирани од тајните агенди на политичките структури или податливи за други структури, подземни, домашни и странски… Колку такви има?!

Се обидувам да го разберам (иако тоа е невозможно!), ставот на лидерите и високите функционери на Владата кои безброј пати ни повторија дека законите од времето на режимот на Груевски не им дозволуваат да спроведат чистење на непотребните кадри во администрацијата што одговара на најмалку десет милионска богата држава.

Уште помалку можам да разберам (не се ни обидувам), што власта не расчистува со деструктивните и криминалните џебови во својата администрација и други служби и органи. Ни откриваат дека биле следени од подземни партиски милиции, а тие истите се дел од системот, платени со буџетски пари. И? Ништо… Фантастично!

Од првиот ден по падот на режимот знаеме дека се организира „белиот штрајк“ на партиската солдатеска на која не ѝ е важно дали државата функционира, туку да се врати на власт нивната клика. Тоа се истите што, на наш трошок, со наши телефони, од наши компјутери, седнати на наши фотелји и столчиња, тролаат по социјалните медиуми, сеат говор на омраза, повикуваат на насилство, етничко чистење, верска војна, прогон и убивање на различните, го оправдуваат екстремизмот, фашизмот, тероризмот… И законот го штити тоа? Сериозно?

Восхитувањето од тероризмот, било да е оној на ИСИС или на терористот што уби педесетина муслимани во џамија, на расистите на Кју Клукс Клан или на неонацистите и ултра радикалите во Русија, Унгарија, Полска, Чешка, Германија, Србија, Албанија или Грција е првиот, крупен чекор до екстремното насилство. Кратко е растојанието од првиот чекор на оправдување и поттикнување до вториот чекор, реалното насилство и трагедиите што тоа ги предизвикува. Пократко е тоа растојание отколку што сакаме да веруваме.

Екстремизмот во македонското општество и во системот е долгогодишна операција од која нема да се ослободиме ако се молчи и ништо не се презема. Можеби со огромно задоцнување, но мора да се започне веднаш, денеска. Според законите и стандардите што веќе ги има во нашето законодавство!

Не можеме да прифатиме состојба во која екстремизмот на едно стадо негува соживот со екстремизмот на некое друго стадо. Тоа не е соживот, нема врска со толеранција. Тоа е крвопролевање кое само што не се случило. Не можеме да ги прифатиме сите тие грди насилници и тотално несвесни или онесвестени суштества што како зомби се движат низ системот и ги кршат човековите права и слободи затскриени зад „едношалтерскиот“ систем на државата (или општината, сеедно). Одговорноста не е фраза, тоа е постојано градење и заштита на животот и достоинството на граѓанките и граѓаните, постојана одбрана на вредностите на едно цивилизирано и хумано општество. За тоа постојат буџетите на државите!

Избегнувам директно обраќање во моите писанија, избегнувам и премногу извичници, но денеска морам… Затоа, ќе ѝ се обратам на Владата на Република Северна Македонија:

Исчистете го фашистичкиот шљам од институциите! Ние не можеме тоа да го направиме за вас. Не земаме плата (и тендери) за тоа. Вие земате.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share225TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ