Министерството за правда за викенд добила повторно материјали од работната група на ВМРО-ДПМНЕ за Предлог законот за јавното обвинителство.
Од Министерството за правда известуваат дека клучните разлики остануваат, а материјалите не биле во согласност со европските препораки за отворање на преговорите.
Законот за јавно обвинителство, што треба да го реши и статусот на СЈО, е еден од условите за добивање датум за преговори за влез во ЕУ. За негово усвојување потребно е двотретинско мнозинство.