Бесир Беља и Скендер Демири добија затворски казни од по 19 години, двајца од тројцата обвинети, за убиството на Никола Саздовски Саздо.
Третиот напаѓач Јетон Ључа е во бегство. Покрај затворските казни од по 19 години, тие треба да платат и оштета на семејството на жртвата. Тие треба да исплатат оштета од по 1.200.000 денари, за таткото, мајката, братот, сестрата, а за бабата на Саздовски 600 илјади денари.
Беља и Демири се во притвор во затворот во Шутка, а за третоосомничениот е распишана домашна и меѓународна потерница.
Саздовски почина на 9 јули 2018 година на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.