Северна Македонија е секуларна држава и Владата не се меша во работата на верските заедници, изјави денеска владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, во врска со вчерашните превирања во Исламската верска заедница.
Реакцијата следува откако вчера, по одржаната вонредна седница на Ријасетот на ИВЗ, Реџепи во дел од својата изјава ги обвини директорот на Комисијата за односи со верските заедници и Владата дека се вмешани во последните случувања во Исламската верска заедница.