САМО ТАЛАТ ЏАФЕРИ ВЕРУВА ДЕКА СИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ЗЕМЈАТА СЕ ФУНКЦИОНАЛНИ И НА ПОТРЕБНО НИВО
Звучи сензационално изјавата на г. Талат Џафери дека не е можно да има меѓународна истрага за Диво Насеље, дека секоја надворешна интервенција би се сметала како протекторат и дека сите институции во земјата се функционални и на потребно ниво!
Токму г. Талат Џафери, повеќе од секој друг, треба да знае кој бараше меѓународни истраги, не само за овој случај, туку и за многу други. Дали ова досега го правеше од незнаење или со демагошки и измамнички цели?
Јас мислам дека, освен г. Талат Џафери, никој друг не верува дека „сите институции во земјата се функционални и на потребно ниво“.
Посебно сега, секој граѓанин на Македонија е сведок за „високото ниво“ на судството во Македонија.
Кога би било можно, судството во Македонија дури заслужува и некаков вид протекторат.
Се надеваме дека оваа изјава ја прочитал и лидерот на неговата партија, и дека во иднина ќе прекине со ваквите повици.
ДОДЕКА ПОВЕЌЕТО ГО ПОЛНАТ БУЏЕТОТ, НА ДРУГИ ИМ ИСПРАЌАТ ПЛАТА ДОМА
Сите Албанци во С. Македонија, како и сите други граѓани, со парите што ги заработуваат со труд, го полнат буџетот на државата и општините, додека на некои од нив, владата и некои општини „платата“ им ја праќаат дома, без воопшто да се јавуваат на работа. Ова е пример кој нигде во светот не постои.
ВЕТИНГОТ НА ТЕУТА ВО ДУИ НЕМА ГО СПАСИ ТЕТОВО ОД УРБИЦИДОТ
Сите граѓани на Тетово од одамна живеат без чист воздух, додека голем број од нив и без сончеви зраци, поради урбицидот што со сѐ поголем интензитет се спроведува во потесното градско подрачје.
Од ова нема да нѐ спаси ниту ВЕТИНГОТ на Теута во ДУИ.
ПРОТЕСТИТЕ ВО АЛБАНИЈА ГИ ПРЕДВОДАТ ИСТИТЕ ШТО ГИ ОСИРОМАШИЈА ГРАЃАНИТЕ
Оправдано е незадоволството на големиот број сиромашни граѓани на Албанија кои масовно со месеци протестираат низ улиците на главниот град.
Неоправдано е што протестите ги предводат истите тие што претходно долго време и самите биле на власт и состојбата во државата за народот нималку не била подобра, додека тие станале меѓу најбогатите луѓе во најсиромашната земја на Балканот.
ТЕШКО ДЕКА ЗАЕВ ЌЕ НАЈДЕ ПОДОБРИ ОД ОВИЕ ШТО ГИ РАЗРЕШИ
Не сум сигурен дали на Заев нема да му биде уште потешко да најде подобри од овие што ги разреши.
ЗОШТО НА ЕКОНОМСКИОТ ФОРУМ ВО ВИЕНА УЧЕСТВУВАШЕ МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, А НЕ ОНОЈ ЗА ЕКОНОМИЈА?
Остана нејасно зошто на Економскиот Форум што овие денови се одржа во Виена, не учествуваше министерот за економија, туку тој за образование.
Прочитајте ги сите ПОЕНТИ на Џевдет Хајредини ОВДЕ.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.