• Latest

Антикорупционери – малку надеж во овие тешки денови

June 12, 2019

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Антикорупционери – малку надеж во овие тешки денови

June 12, 2019 16:03
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Не ги сликав затоа што ни самиот не сум верувал кога сум видел слики, често пати читателите мислат дека тие се местени. Ќе се обидам да ги опишат и секако ќе оставам резерва, не затоа што не им верувам, но заради тоа што имаме трауми од нивните претходници. Едниот ми беше колега новинар и неретко сме полемизирале заради разлики во нашите мислења и перцепции, а другиот потекнува од иста фела во раните години, но никогаш порано лично не сум го запознал.

Арбен Зеќири

Горан Трпеновски и Нури Бајрами, двајца членови на новиот состав на Државната Комисија за Спречување на Корупцијата…

Овие се двете имиња кои во два случаи ми ја вратија надежта дека, сепак, кај нас има луѓе на кои може да се надеваме дека ќе донесат промени и правда. Едниот, Нури Бајрами, за кого многумина реагираа (со право на сомнеж) дека е баџанак на Талат Џафери, од сопствено искуство, како критичар на секоја власт, не остава простор да го пофалам ако имам и трошка сомнеж. Добив интересни информации за неговиот живот, чесното работење во поранешни работни места, и финансиските проблеми кои не би му наликувале на баџанак на висок функционер.

Последен пат го сретнав во автобус на линија Скопје-Тетово-Гостивар. Во секоја нормална држава ова би бил нормален потег, економски избор на една личност, но кај нас, за жал или за среќа, тоа претставува надеж и ексклузивна вест. Тоа е заради негативното минато на Комисијата и многуте други високи институции. Учени да ги гледаме другите функционери во црно затемнети и блиндирани коли, со шофери и телохранители, Бајрами навистина ме зачуди.

Не треба да го заборавиме и фактот дека во тој автобус беше седнат член на комисија која се бори против највисоките криминални појави и најопасните криминалци, оние кои можат лесно да организираат и да извршат дури и атентати, па не им е проблем да жртвуваат и цел автобус за да се спасат од еден независен антикорупционер. Во овој случај, дури и да се вози со службена кола би бил оправдан, но Бајрами избрал автобус. Зачуден го гледав и го поздравив со традиционалното прашање „Каде вака?“. „Завршив со работа, се враќам дома“ – беше скромниот одговор на Бајрами, кој гласно и без комплекси ми го возврати одговорот и поздравот.

Горан Трпеновски и Нури Бајрами, членови на ДКСК, избрани во 2019 година

Другиот, колегата Трпе, како што сме научени да го викаме, го сретнав на една раскрсница каде често пати сме се сретнале и порано, на раскрсницата пред Собранието, каде што ни се делеа патиштата, откако своевремено следевме собраниски седници и настани. Тој исиот Трпе, со иста гардероба и со еден сендвич во раката, што е симбол на исхрана на новинарите што цел ден се во трчање, а немаат можност за луксузирање во исхраната. За разлика од средбата со Бајрами, тука не можев да се воздржам, да го пофалам со провокативно прашање: „Уште ли со сендвичи, браво, таква Антикорупциска ни треба!“. Спомнавме и имиња на ресторани за кои на времето, додека беше новинар, често пати сме разговарале дека сме виделе и функционери и антикорупционери, па го потсетив дека ќе го следиме дали и тој ќе почне да ги посетува и ќе злоупотребува народни пари во тие ресторани, како оние што тој самиот ги критикувал. „Еееее нема ресторани!“ -одговори колегата Трпе кој ги помина семафорите, а јас влегов во службената кола од нашата телевизија и продолживме како порано, секој по својот пат.

И за миг помислив, јас сѐ уште новинар, но со службена кола од телевизијата, а Трпе во Антикорупциска, пешки и сѐ уште јаде сендвич. Значи, има надеж! Само, да не ги урочиме…

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share93Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ