• Latest
Добро утро со Орданоски

А сега, нешто комплетно различно…

June 5, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

А сега, нешто комплетно различно…

June 5, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”48″]З[/dropcap]аради целото сегашно континуирано и жестоко инсистирање на ВМРО-ДПМНЕ судирот со сегашната власт во најголем дел да се сведе на персонална конфронтација со „ликот и делото“ на Зоран Заев (моментно, суверениот носител на највисокиот политички рејтинг во државата), мене на ум ми доаѓаат неколку заклучоци кои е добро сега, пред летните одмори, да се споделат во јавноста, ем да ни биде забавно исполегнати по должина на плажите по разни морски широчини, ем отсега да се разбере налетот на уште понепријатната лична „црна кампања“ за Заев што му ја подготвува опозицијата за на есен.

Имено, мислам дека стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ се сведува на принципот: „Како што тој нас нè сруши од власт, така и ние со иста мера и со исти методи ќе му вратиме нему!“ (Ова, ме уверуваат моите вмровски извори, Груевски веќе го зборува наоколу низ партијата…)

Тоа значи дека од есеноска ќе можете да очекувате објавување на вмровски „бомби“ кои ќе се однесуваат на Заев и на неговата партиска и приватна околина. Да се потсетиме, прислушуваните разговори предадени на СЈО веројатно ги  поседуваат (противзаконски, се разбира, но кој гледа на такви дребулии сега!) во најмалку уште една копија и оние кои ги правеле. Двајцата обвинети, па пребегани високи функционери на МВР веројатно и со таа „роба“ го истргуваа своето ослободување од страна на Врховниот суд во Грција, за што таму ќе им следува и политички азил (а овдека, во нормални околности, би им следувале нови обвиненија и за велепредавство).

Но, упатно е да се претпостави дека некаква копија од таа „банка на прислушувани разговори“ постои и во Скопје, вон СЈО. Впрочем, во претреси на станови пред неколку месеци СЈО веќе одзема нови стотици илјади разговори кои претходно не ги поседувале (?!). Затоа, сосема е веројатно, кога веќе си постојат, такви материјали повторно „да се стават во употреба“ кога за тоа некому ќе му се види политички опортуно, и тоа не само на ниво на поединечни валкани рекетирања (како што тоа се обидува да го прави еден џган од скопскиот криминален полусвет), туку и за поамбициозни политички цели.

Но, не се само тие разговори она што би го подготвувала опозицијата, бидејќи во повеќе наврати се објаснувавме дека за потребите на ВМРО-ДПМНЕ и сега во полн состав функционира професионална разузнавачка служба (се сеќавате, во месец март веќе пишувавме: „Аналитичко-безбедносна мрежа“?) која собира секакви податоци за власта на Заев. Само млаки „поздрави“ и „ладни проби“ од таквата активност се неколкуте опозициски прес-конференции на кои се зборува за „криминалниот режим на Заев“ (Вице, канабис и сл.) – се плашам дека многу поголеми пропагандни количества следуваат за јавна испорака пред крајот на годинава.

Предвидувам дека ВМРО-ДПМНЕ објавите на таквите „скандали“ ќе го прави на ИСТ начин како што тоа го правеше Заев со своите разорни „бомби“: дневни конференции за печат, дистрибуција на компромитирачки печатени и дигитални материјали во брендирани папки, агитација, протести и блокади на улици, со обид за есенска репетиција на Шарената револуција… Плус „Името не го даваме!“ (без тоа не може) и слично.

Доброоо… Мене тоа ми делува како легитимен опозициски напор – ако не ситничариме за бројните легални аспекти на таа операција – особено како вовед на митингашкото храбрење да се предизвикаат вонредни парламентарни избори веќе идната пролет. Мислам дека во планот е до таму да стигнеме и со преговори „Пржино 3“, особено додека Иванов сè уште мрда (и мати ли мати, си ниша ли си ниша) на Водно, помогнат од капацитетите на Агенцијата за разузнавање и некои воени структури.

Каков ќе биде одговорот на Заев и неговата Влада во едно такво сценарио? Која ќе биде реакцијата на меѓународната заедница? Како ќе помагаат и одмагаат соседите? А што ќе прави ДУИ при една таква сценска „репетиција“?

Е, за тоа ви ја оставам слободата на вашата летна имагинација. Па, цртајте малку во песок по тоа плажите, додека под сонцебраните ги цуцате фрапеата и коктелите со тоа портокалите и шарените чадорчиња…

Лично, не би ја потценувал можноста за таков развој на ситуацијата, но уште отсега знам дека евентуалниот одговор со „Монти Пајтон“ прикаските за нови „жолти комбиња“ нема да помине, како што не му помина ни на Никола Груевски кога му почнуваше крајот пред три години.

Толку. Колку да не кажете дека ве фатиле на спиење.

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

 

 

Tags: бомбиВМРО - ДПМНЕЗаевНикола ГруевскипланСДСМ
Share215TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ