• Latest
Добро утро со Орданоски

А зошто да не: градски референдум за „Универзална сала“?

July 29, 2020

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Рускиот агресор цела ноќ и утрово ги напаѓа украинските региони: Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад [АЖУРИРАНО]

September 28, 2026
Илустрација генерирана со вештачка интелигенција.

Провизии, камати и изгубено време: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
Фарид Закарија во ГПС на Си-ен-ен разговараше со Бил Гејтс, 27 септември 2026 (скриншот)

Бил Гејтс за Си-ен-ен: Вештачката интелигенција налага контрола, светот не смее да се залажува

September 28, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Удбашката култура на владеење

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

А зошто да не: градски референдум за „Универзална сала“?

July 29, 2020 07:47
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Јавната дебата за судбината на „Универзалната сала“ во Скопје се води на вистински начин: аргументите и размислите за начинот на кој ќе се редефинира изгледот, капацитетот, содржината и локацијата на ова градско здание со импресивна културна историја добро се изложуваат од сите спротивставени страни, без разлика и на цинизмот и на политичката нетрпеливост што лесно може да се детектираат во некои од ставовите. Па, и тоа е нормално.

И јас, како и илјадници други скопјани, а и граѓани од другите градови на Македонија, ја чувствувам „Универзална“ како дел од моето лично културно искуство, како формативно место за еден важен дел од мојот светоглед, не само во областа на изведувачките уметности и културата. Бидејќи живеам на некои 200-300 метри од салата, и денеска, кога тоа тажно и градежно потрошено здание стои како скелет на некој урбан и одамна мртов диносаурус, секојдневно се меткам низ околните кафулиња („Броз“, „Че“, „Белиер“…) и безобразно се гојам во „Силбо“ и „Апче“ (ах!!!), лесно закажувајќи средби и состаноци „кај Универзална“.

Таа зграда денеска е грда на изглед, но пребогата со незаменливи спомени од многу младости. Затоа и дел од сегашните расправи се полни со „непрактични“ емоции, бидејќи бројот на паркинг места, квадратурата или сообраќајната пристапност за објективните потреби на еден таков објект не можат да конкурираат на „духот“ што „Универзална сала“ го нормираше кај скопјани на начин што на многу други модерни и далеку поадекватни архитектонски зданија – да речеме, новата зграда на Филхармонијата – ќе им треба уште години, ако не и децении за да се „соединат“ со својата публика. Во светот на уметноста и културата тие ментални, стимулативни искуства се нарекуваат „сублиминални“ и се условот без кој не може да се постигне соединувањето на духот и изведбата во уметничкиот израз, колку и да е таа изведба технички совршена.

Елем, сакам да кажам – а, во овој момент, самиот да не завземам страна во понудените градежни и урбанистички алтернативи – на расправата за иднината на „Универзална сала“ да ѝ се даде уште време! Нека „легнат“ во јавноста сите аргументации во јавната дебата, а потоа – зошто да не? – нека се распише и еден консултативен референдум за предложените решенија, за граѓаните на Скопје, оние кои тоа го сакаат, директно и демократски да се изјаснат за иднината на „Универзална“. Кој вели дека на референдуми треба да решаваме само за „судбински“ прашања за „иднината на нацијата“?!

Ваквиот пристап не е вообичаен за нашата политика. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов поседува конфронтативен и, често, арогантен начин на „пресекување“ на работите важни за животот на градот – таквата „ефикасност“ можеби доликува кога се работи за локацијата на некој мост, за бизнис-махинациите околу градежните парцели или за локацијата на некаков центар за згрижување на кучиња-скитници…

Но, судбината на „Универзалната сала“ далеку го натфрла тој вид на урбанистички одлуки и во себе носи „политички“ ризик што може да му ја одлучи судбината на градоначалникот веќе на следните локални избори, доколку „кујните“ во СДСМ воопшто проценат дека Шилегов заслужува кандидатура за следен градоначалнички мандат.

Бидејќи, „Универзална сала“, со години распадната каква што е, го потврдува правилото дека и во политиката постои граница до која можете некого нешто да го научите; но, не постои лимит до кој можете да го инспирирате – решението за „Универзална“ мора да биде исто толку практично, колку и инспиративно.

Велам, насоката на таа „инспирација“ може да се провери на еден убав, градски референдум. На „Универзална сала“ ѝ доликува една таква „демократска вежба“.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ