• Latest

Адеми: Треба да се базираме на човечкиот капитал, наместо базирање на смешни изјави за субвенции

October 2, 2020

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Адеми: Треба да се базираме на човечкиот капитал, наместо базирање на смешни изјави за субвенции

October 2, 2020 12:36
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Во економија каде приватниот сектор се обидува да наметне конкурентност врз база на човечкиот капитал и капитал на иновации, вие не можете да кажете дека критериум за вработување на еден човек е тоа што знае македонски или албански јазик, веќе никој не бара дали знаеш јазици“, истакна Висар Адеми, економист, на панел дискусијата на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“ во организација на ЦИВИЛ.

„Ние живееме во држава каде што Никола Груевски го регулираше целиот приватен пазар, тој тогаш кажуваше ние ќе поддржуваме одреден сектор, индустрија или компании. Ние живееме во мајндсетот на регулирање на пазарот и затоа вакви идеа даваат, затоа што толку многу е регулиран пазарот во Македонија и толку многу зависи приватниот сектор од субвенции и државна помош, што тие мислат дека и преку политиката на вработувањето можат да им наметнат вакви политики. Јас мислам дека тоа е погрешен став, таа политика на ВМРО-ДПМНЕ во времето на Груевски, не сега, треба целосно да се уништи, да се регулира пазарот слободно да мисли еден претприемач, човек кој сака да му биде пазарот цел свет или барем регионот, не можете да му наметнете партиски кадри“, додава Адеми.

Адеми додава дека доколку има компании кои зависат од субвенциите на државата, тогаш тие ќе трпат вакви идеи од луѓе кои немаат ни работено во приватниот сектор.

„Ама ако имате вие компании, како на пример земјоделие или градежништво, кои зависат од субвенциите на државата тогаш и тие ќе трпат вакви глупави идеи од луѓе кои навистина немаат никогаш ни работено во приватниот сектор, а не пак да направат политики. Мене ми е многу жал за држава која вика дека нашиот раст ќе биде врз база на човечкиот капитал, барем така кажаа на почетокот на ова владеење, а даваат вакви глупави изјави. Тоа е многу смешна работа затоа што ние ако сакаме да им помогнеме на компаниите требаше досега да направиме институција или барем некој фонд за обука на компетенциите и вештините на тие луѓе. Ние моментално немаме странски инвестиции затоа што немаме компетентни луѓе, не ни викаат дека немаме луѓе кои не знаат локални јазици, туку дека не произведуваме на пример електроинженери или некоја друга струка, немаме луѓе ние, цела Македонија да ја превртиш таков кадар немаме. Имаме стапка на невработеност речиси 30%. Како можеш да привлечеш странски инвестиции кога имате дефицит на одреден кадар?“, додава Адеми.

Според него, позитивна работа е тоа што, како и сите други држави, ние сме блиску до оние економии во раст, кои се базирани на пропорционален БДП и имаат дадено помош на компаниите за време на пандемијата од КОВИД-19.

Адеми вели дека Македонија прво треба да ја стабилизира макроекономијата, т.е. да нема отпуштање од работа, да се задржат каматните стапки или да бидат стабилни како и да се поддржат социјално загрозените категории на граѓани.

„Европската Комисија во сите извештаи кажала многу јасно за Македонија дека имаме пренатрупување на јавната администрација, држава која има 2 милиони живели има 150 илјади вработени во јавна администрација, а цела Комисија во Брисел има околу 70 илјади, а има 27 членки. Премиерот Заев најави дека 20% од луѓето треба да се отпуштат. Кои се тие 20%? Ако вие отпуштите или ќе станат социјален трошок на целото општество или некој треба да ги апсорбира. Ако тоа е приватниот сектор тогаш Артан Груби се плаши дека ќе има помалку гласачи во 2025 година. Тој сака да ги вдомува Албанците на ДУИ, не сите Албанци“, вели Адеми.

Адеми вели дека во држава каде се знае дека јавниот сектор има контрола на 90% од ресурсите, дали пари или вработување, тие се гласачка машинерија и дека тоа е јавна тајна.

„ДУИ ги добива изборите бидејќи има 30 илјади вработени во јавната администрација и тие со таа група играат. Нонстоп ги купуваат тие луѓе. Е сега ако овие 20 илјади треба да ги отпуштите, дел од тие ќе бидат Албанци“, додава Адеми.

„Во јавниот сектор вие може да направите позитивна дискриминација, афирмативна акција, ама тоа се прави во репроматеријалот на производот, не во финалниот производ. Вие треба да инвестирате во обука, квалификации на Ромската популација, треба да зборуваме за Албанците кои се во јавна администрација и 15 години се на исто место“, вели тој.

Адеми вели дека во пазарната економија да му се наметне на претприемачот, па и преку афирмативна акција, работник, тоа го нема никаде, само во Македонија.

„Во целата работа има една лоша и една добра работа, лошата е што оваа генерација на политичари ништо не може да реши, јас во економијата сум гледал како се копираат закони од Норвешка и на крај имплементацијата тука треба да ја направи некој локален шериф или не се имплементира и завршува во картели, како ги викаме ние во економијата, зони на интерес што сакаат овие политичари да ги завршат, оваа генерација на политичари нема да направат исчекор“, додава Адеми.

обработка на текст: Ангела Петровска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Биљана Јордановска 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ