Адвокатот Димитар Дангов во завршните зборови посочи дека обвинението против Миле Јанакиески за „Насилство во Центар“ треба да биде повлечено од Обвинителството бидејќи не постојат докази кои покажуваат сторил кривично дело. Но, и во случај тоа да не го сторат, според него ќе треба судот да донесе ослободителна пресуда, пренесува А1он.
Адвокатот Дангов му порача на судијата Душко Јосифовски дека не може судска одлука да се темели на исказ од осудено лице, без да постојат други докази. Тој ја оспоруваше и снимката од „бомбите“ која е разговор меѓу Јанакиески и Никола Груевски, тврдејќи дека треба да се вештачи оригиналот.
На претходното рочиште поради изменетото обвинение, дел од обвинетите бараа предметот да се врати во доказна постапка, но тоа, не го дозволи судијата Душко Јосифовски.