Адвокатот Сашко Дукоски денеска поднесе иницијатива за оценување на уставноста на неодамна донесениот Закон за амнестија.
Во изјава за МИА, Дукоски вели дека спорен е членот 3 од Законот за амнестија кој се коси со членот 9 од Уставот на Република Македонија во кој е наведено дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите и членот 8 од Уставот кој вели дека темелни вредности на уставниот поредок се владеењето на правото и основните човекови права.
Извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.