Бујар Османи и официјално ќе биде претседателскиот кандидат на ДУИ за шеф на државата, соопшти лидерот на ДУИ Али Ахмети во видеообраќање преку Фејсбук
Тој најави дека претстојните двојни избори се најважниот референдум во Македонија, односно да се каже „не“ на Русија и „да“ на Европа.
Ахмети обелодени и дека ДУИ бара промена на Уставот во делот на избор на претседател на државата како и избор на заменик претседател на државата. Предлогот на Ахмети е шефот на државата и заменик претседателот да се избираат во Собранието, со двотретинско и со Бадентерово мнозинство, наместо на непосредни избори.
Според лидерот на ДУИ, министерот за надворешни работи Бујар Османи ја очекува оваа промена што ја бара ДУИ уште од политичките програми во 2016 и 2020 година .Со ова тој го најави Османи за претседателски кандидат. Според Ахмети, отворањето на Уставот за промена на изборот на шеф на државата ќе овозможи и усвојување на Договорот за добрососедство и продолжување на европската интеграција.
Ве повикувам да се собереме на најважниот референдум на денешнината за:
– Да и кажеме НЕ на Русија, ДА на Европа!
– Да го избереме претседателот и заменик претстедателот со 2/3 од гласовите и со двојно мнозинство на Бадентер.
– Бујар да ја води промената која ја бараме и во нашата програма во 2016 и 2020 година.
– Отворањето на Уставот за прашањето на Претседателот, ќе го овозможи и одобрувањетто на Договорот за добрососедство и продолжетокот на европската интеграција, изјави лидерот на ДУИ во своето обраќање.