ЗОРАН ИВАНОВ
Дека за пасошите надлежните се виновни се многу виновни ама, посебно некои ТВ уредници, начекаа, со посебно нагласена страст начекаа нагласено да се подзагребат кај потенцијалните постизборни властодршци, начекаа една фина полтронска ситуација да им се покажат но, притоа, премолчуваат за тајминзите кога трезвените и рационалните граѓани не им поверуваа на партиските квазипатриотски манипуланти, не им поверуваа ниту на бојкотирачите ниту пак им поверуваа на нивните медиумски поддржувачи пропагандисти кои, нели, ќе ја убеделе меѓународната, ќе го поништеле преспанскиот, ќе ја избришале „северна”, ќе го врателе претходното уставно ама, таквите, нели неверници и непатриоти, а всушност трезвени и рационални, пасошите и другите лични алатки си ги менуваа со време и тогаш, за тоа, сега најбучните тв уредници бунтовници, си молчеа па, кажано во оваа една реченица, ајде сега заведените нека тропнат и на совеста на партиските преваранти и на совеста на редакциските манипуланти.