Активистите за борба за чист воздух и заштита на животна средина, заедно со сите засегнати граѓанки и граѓани протестираа пред Владата барајќи итни мерки за загадениот воздух.
„Патните трошоци се многу поскапи одколку што би чинеле мерките за прочистување на воздухот”, беше еден од приговорите на револтираните граѓанки и граѓани.
Со повикот „Станете за чист воздух“ граѓанките и граѓаните меѓу другото од Владата побараа итно чистење на сите главни и споредни улици во градот, забрана за сообраќај во најзагадените денови освен за возила на пожарна, полиција, брза помош, службени возила за истовар на роба, бесплатен јавен превоз, исклучување од сообраќај на старите возила кои загадуваат, вклучувајќи ги и оние на КХС, како и забрана за градежни активности во период на загеден воздух (ноември, декември, јануари).
В.М.