• Latest

Театарска претстава „Зелена планета“

February 27, 2017

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Театарска претстава „Зелена планета“

February 27, 2017 16:51
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска започна проектот за едукација на младите за начинот и придобивките од рециклирањето и правилниот третман на отпадот. Проектот се реализира преку иновативна и забавна театарска претстава „Зелена планета“, наменета за деца од прво до петто одделение. Театарскиот караван тргна од Скопје, со премиера во Драмскиот театар, а во текот на оваа година, предвидено е претставата да ја видат уште најмалку 10.000 деца во десет градови.

Проектот го реализира „Пивара Скопје“, заедно со Амбасадата на Холандија во Македонија и компаниите „Пакомак“ и „Нула отпад“.

Како што информираат за ЦИВИЛ Медиа од „Нула отпад“, „со претставата, преку интересен и пред сè забавен начин, на децата им се пренесуваат пораки за значењето на селектирањето и третманот на различен вид отпад, почнувајќи од хартијата, пластиката, стаклото, лимената амбалажа, па сè до електронскиот отпад“.

„Како што е случајот и со Холандија, за секоја општествена промена потребна е здружена акција на државните институции, граѓанското општество, деловниот сектор и граѓаните. Заедно со ‘Пакомак’ и ‘Пивара Скопје’, континуирано се обидуваме да дадеме пример за ова – преку акции за чистење и возење велосипед, како и преку промовирање на одржлив начин на живеење. Ми претставува задоволство што денеска заедно отпочнуваме нова иницијатива, насочена кон запознавање на децата со културата на рециклирање, бидејќи децата секогаш се идните носители на општествените промени“, изјави амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп.

Како дел од платформата „Дали рециклирате?“, претходно беше реализирана и акцијата за чистење спроведена на дел од Кејот на реката Вардар во Скопје, во чии рамки вработените на „Пивара Скопје“ и на холандската Амбасада, со логистичка поддршка од „Пакомак“, го собраа целокупниот сув отпад кој понатаму беше селектиран и рециклиран.

М. Теговска

Tags: Зелена планетаКралство ХоландијаНула отпадПакомакПивара Скопјетеатар
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ