• Latest

Активистите да се консолидираат и вратат на „мајските патеки“

February 12, 2016
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Активистите да се консолидираат и вратат на „мајските патеки“

February 12, 2016 16:05
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

По губењето на моментумот, по протестите во мај лани и почетокот на политичките преговори, како резултат од договорот во Пржино, граѓанскиот сектор треба да се консолидира. И да се врати уште посилен и поактивен во општествената дебата и во реформските активности коишто Македонија мора да ги преземе, доколку сака да излезе од тешката состојба која е видлива во повеќе аспекти и речиси во сите сегменти на општеството. Ова е заеднички заклучок од дискусиите на тркалезната маса “Улогата на граѓанското општество во денешен контекст“, којашто се одржа денеска во Скопје.

Претставници на неколку граѓански организации и иницијативи, активисти и новинари,  зборуваа за очекувањата од периодoт пред нас и за тоа што може да направи граѓанскиот сектор за да има поголемо влијание во општеството.

Според организаторите, Македонија се наоѓа пред многу сериозни предизвици: спроведување на Пржинскиот договор, најавените реформи на медиумската сцена, недоумиците околу предвремените парламентарни избори, датумот на одржување и најавите за бојкот, бегалска криза и затворањето на јужната граница, можното реактуелизирање на меѓуетнички тензии, иселувањето на младите, загадувањето…

„Граѓанското општество веќе со години работи во вонредни услови. Државните институции најчесто се слепи и глуви за предложените политики, попис на население немаме, а добар дел од активистите и невладините организации се етикетирани како предавници и странски платеници кои имаат за цел да и наштетат на државата. Наспроти сето тоа, граѓанското општество е активно, протестира и реагира за состојбите во кои се наоѓаме, предлага политики, мониторира, работи со граѓаните на терен, им помага на бегалците“, истакна во воведот, Џелал Хоџиќ, претставник на организаторите и модератор на настанот.

Зборувајќи за бегалската криза и за активностите на граѓанските организации, активистката Мерсиха Смаиловиќ од невладината организација „Легис“, посочи дека во јавноста има речиси целосен молк за она што се случува на границата со Грција.

Мерсиха Смаиловиќ
Мерсиха Смаиловиќ

„Нашите напори се игнорираат, не знаеме кога се отвора, а кога се затвора границата. Устата ни фати пена додека Унгарија поставуваше ограда. Сега, кај нас се поставува ограда, а јавноста молчи“, посочи Смаиловиќ. Таа додаде дека односот на државните органи не се сменил многу по смената на ресорните министри, иако тоа било очекувано од активистите. Според неа, грижата кон бегалците е планирана „озгора“,  а дека на активистите им е оставен „избор“: ако не се согласуваат со начинот,  можат да си заминат од камповите.

Активистот Замир Мехмети очекува во наредниот период власта да продолжи да игра на карта на национализам, и дека таа игра ќе се интензивира со наближување на датумот на изборите. „ВМРО и ДУИ ќе играат на националистичката карта во обид да се спасат од ситуацијата. За жал, тоа се уште ‘пали’ кај граѓаните“, смета Мехмети.

Новинарот Зоран Бојаровски ја истакна својата разочараност од губењето на моментумот, кој според него, активистите го имале во периодот на интензивните протести во мај 2015-тата, до преговорите во Пржино.

„Со Пржино, се случи нешто чудно. Целиот тој процес го презема политичкиот фактор, а граѓанскиот сектор како да се самоисклучи. Во клучен период, граѓанскиот сектор потфрли, а сите оние важни иницијативи, како онаа во однос на МРТ, ‘Да ја вратиме МРТ на граѓаните’, немаа завршница“, посочи Бојаровски, советувајќи тој моментум и таа активност на граѓанскиот сектор, да се вратат што побргу.

ЛГБТ активистот Кочо Андоновски зборуваше за долгогодишните притисоци со кои се соочува оваа група на граѓани, и неказнивоста на насилството над оваа заедница.

„Се прашуваме зошто истрагата е секогаш во тек. Секогаш, кога некој од инспекторите дошол блиску до вистината, предметот му бил одземан и даван на друг инспектор. Затоа, истрагата е секогаш во тек и не завршува“, истакна Андоновски, кој додаде дека постои еден цел дел од граѓанскиот сектор кој е невидлив и работи со меѓународни конзервативни фондации кои соработуваат со властите, наспроти видливоста и подложноста на критики и напади на видливиот дел од секторот.  „Никогаш не дознавме кое е тоа здружение кое му облече пелени на Прометеј“, рече Андоновски.

Според Марјан Забрчанец, било очекувано моментумот на граѓанскиот активизам и протестите да спласне со самото почнување на преговорите. Според него, дел од граѓанскиот сектор по Пржино речиси целосно запрел со активностите, но дел од секторот повторно се активирал интензивно.

„Дел од најгласните замолчеа, и тој молк сé уште трае, друг дел се консполидираше и се врати на терен. На ‘Граѓаните за Македонија’, по раздружувањето со опозициските партии, им се приклучија 10 нови организации“, посочи Забрчанец, кој додаде дека очекува консолидирање и враќање во битка на оние кои што сега тактизираат.

Новинарот и активист Петрит Сарачини посочи дека во последните десет години, многу иницијативи, низ протести искристализирале конкретни барања, и дека токму собирањето на тие барања на едно место, во заедничка платформа, треба да се случи пред граѓанскиот сектор со таа платформа да почне да бара сојузници во политиката. Во однос на медиумските состојби, Сарачини истакна дека во овој кус период не може да се очекуваат чуда, но дека ослободувањето на медиумскиот амбиент мора да отпочне веднаш. Со воспоставување на независност на Агенцијата за медиуми, МРТ, и со доследно спроведување на постојните закони.

Тркалезната маса е организирана во состав на проектот “Да разговараме“ од Школата за активно граѓанство на ФОРУМ, а поддржан е од УСАИД и ФООМ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: граѓанско општестводебатаМедиумиПетрит СарачиниЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ