Тимот на ЦИВИЛ денеска во Тетово како дел од теренските активности одржа и прес-конференција на која се промовираше пректот „Зад димната завеса“ и заложбите во борбата против дезинформациите и пропагандата.
На прес-конференцијата претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, зборуваше за заложбите на организацијата во борбата против дезинформациите и пропагандата, особено во контекст на руската агресија врз Украина. Исто така, Дерала зборуваше и за проектот за промоција на мултикултурализмот, како и за следењето на процесот на подготовка на Стратегијата „Едно општество за сите 2023-2025“, во чие креирање и ЦИВИЛ ќе даде свој придонес.
ЦИВИЛ оствари средба и со градначалникот на Тетово, Билал Касами, а имаше средба и со претставници на граѓански организации и медиуми. На ифо-штандот на ЦИВИЛ граѓанките и граѓаните можеа да се запознаат подетално за заложбите на организацијата за промовирање на европските вредности, антинационализмот и мултикултурализмот.