„Во наредниот период ќе се засили улогата на Комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво“, истакна националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски, на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“, одговарајќи на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Дали и колку државната Стратегија за едно општество подразбира зајакнување на локалните Комисии за односи меѓу заедниците?
„Направена е анализа, многу брзо ќе го објавиме и официјално како документ на Владата за статусот на имплементација, веќе во 2028 година. Направена е една анализа во соработка меѓу Министерство за локална самоуправа и АДИ Гостивар, за несоодветностите и сите дисфункционалности на Комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво. Следува дополнување на Законот за локална самоуправа, во оној момент кога Министерството ќе ја предложи измената на законите, значи тој закон наскоро ќе се отвори бидејќи е донесен во 2004 година, и во периодот кој ни претстои ќе бидат внесени и тие законски измени со кои уште повеќе ќе се засили улогата на овие комисии, што не значи дека ние не ги поттикнуваме општините и во овој момент тие комисии да работат и да функционираат.
Дури ја спроведувавме кампањата за попис, токму во општината Петровец каде што постојат три поголеми заедници функционираат беспрекорно на сите нивоа и тоа е пример за добра практика“, истакна Алаѓозовски.
Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Игор Чадиноски