„Реторички е прашањето дали е возможно да има недискриминација, еднаквост и почитување на мултикултурализмот во нашето општество, и за нас нема друга алтернатива освен да ги ги поддржуваме и веруваме во европските вредности и имаме обврска да ги спроведеме“, истакна националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски, на јавниот наста на ЦИВИЛ на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“.
„Поддршката за евроинтегративните процеси на земјава немаат алтернатива. Ние како јавни личности, Влада, политичари, интелектуалци… ги подржуваме европските вредности, веруваме длабоко во нив, и имаме обврска да ги направиме наша реалност. Јас не би рекол дали е возможна или невозможна, тоа е транформативна акција и таа акција се случува во моментов, односно се случува најмалку од 2017-та наваму, и се случува преку многу акции, активности, политички ставови, и тоа би требало да се секојдневни активности на институциите кои имаше период кога беа заробени.
Со стратегијата решивме да ги надминеме негативните појави, а тоа е дискриминацијата, нееднаквоста, родовата нееднаквост, недоволната грижа за најранливата категорија на граѓани, и поделеноста во општеството. Таа поделеност одеше на повеќе линии, меѓутоа етничката поделеност е една од нив. Секако дека нееднаквоста и дискриминацијата е една од главните причини за поделеноста и затоа оваа Стратегија и платформата на Владата се базирани на надминување на тоа.
Стратегијата е така концепирана да не прави поделби на „или-или“ ситуации, ние не се определуваме дали треба еднакво или едно општество, ние сме за тоа дека мултикултурноста мора да живее и да биде функционална, еднаквоста мора да постои на сите нивоа и на индивидуален план и меѓу заедниците, и таа мора да оди преку низа на категории како што се етничката, религиската, родовата и низа други кои се појавуваат и прават проблеми во општеството.
Недржавничко и нелидерско ќе биде ако од предизвиците и проблемите се разочараме, напротив ние треба да продолжиме со нашите акции да ги направиме подобри, да ги скратиме роковите или да вложиме многу повеќе средства, ресурси и луѓе се со цел да ги надминеме предизвиците“, истакна Алаѓозовски.
Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Игор Чадиноски