• Latest

Алаѓозовски: Секој ден мора да се негува мултикултурноста, европските вредности, демократијата и интеркултурниот дијалог

April 4, 2022

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Алаѓозовски: Секој ден мора да се негува мултикултурноста, европските вредности, демократијата и интеркултурниот дијалог

„Ние имаме владини, државни политики кои ја поддржуваме и промовираме мултикултурноста и во таа смисла нашата земја е позитивен пример и во Европа и во регионот. Оваа Влада покажува дека ја негува мултикултурноста, но од друга страна води активни политики за подобрување на интеркултурниот дијалог, комуникацијата, заедништвото, еднаквоста и вмреженоста на сите различни култури, различни заедници, различни групи кои живеат во земјава. Многу е битно да се залагаме за таа мултикултурност особено да не завршиме на крај во различни соби во една иста зграда, многу е битно да ги градиме и заедничките простори каде што живееме, и ние со Стратегијата за едно општество го правиме, вели Алаѓозовски.

April 4, 2022 14:33
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Со Националниот координатор за интеркултурулизам и едно општество во Владата на Република Северна Македонија, Роберт Алаѓозовски, во рамки на Иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“ на ЦИВИЛ, разговараме на повеќе прашања поврзани со областа која тој ја покрива во Владата и за резултатите од спроведувањето на Стратегијата „Едно општество за сите“, недискриминацијата, промоција на европските вредности и што треба да содржи новата тригодишна Стратегија. Разговорот е снимен на 15 март 2022 година.

Алаѓозовски вели дека меѓуетничката и меѓуверската состојба и стабилноста во Северна Македонија е голема и тоа е особено битно во овој момент во кој се наоѓаме. Недвосмислено граѓаните од различна национална, верска или друга припадност се приклучија до прогресивниот свет и во овој критичен момент не дозволуваат меѓународниот контекст да влијае на било кој начин.

„Се разбира дека секоја криза ги става граѓаните на преиспитување на себе си. Одредена групша граѓани имаат свое дивергентно мислење за она што се случува во светот, што се случува во слободниот и неслободниот свет, но да се надеваме дека тие определби нема да влијаат на евентуално влошување на меѓуетничките односи. Меѓутоа ние докажавме дека сме обединети и сите партии се определивме и не гледам простор за влошување на кризата“, вели тој.

„Ние сме мултикултурно општество и мултикултурата кај нас е реалноста“ вели Алаѓозовки на прашањето како се промовира мултикултурата и европските вредности.

„Ние имаме владини, државни политики кои ја поддржуваме и промовираме мултикултурноста и во таа смисла нашата земја е позитивен пример и во Европа и во регионот. Оваа Влада покажува дека ја негува мултикултурноста, но од друга страна води активни политики за подобрување на интеркултурниот дијалог, комуникацијата, заедништвото, еднаквоста и вмреженоста на сите различни култури, различни заедници, различни групи кои живеат во земјава. Многу е битно да се залагаме за таа мултикултурност особено да не завршиме на крај во различни соби во една иста зграда, многу е битно да ги градиме и заедничките простори каде што живееме, и ние со Стратегијата за едно општество го правиме.

Сите меѓународни партнери ни одаваат почит и признание за оваа наша заложба. Кризата во Украина уште еднаш ни потврди дека европските вредности, демократијата, интеркултурниот дијалог, мултуикултурноста мора секој ден да се негуваат. Ако за миг ги заборавиме нашите активни политики во однос на таа тема и област и ако секој ден не ги преиспитуваме нашите активности и како функционираат нашите институции и поголемното општество, ако не се бориме секојдневно за промоција на добрите вредности меѓу луѓето, значи ситуацијата може да се влоши, вели Националниот координатор за интеркултурулизам и едно општество.

Алаѓозовски нагласи дека Ромите се една од најдискриминираните заедници во нашата држава, но дека има дискриминација и во руралните средини, но и меѓу родовите. Тој додава дека поларизацијата е голема меѓу партиите, меѓу позицијата и опозицијата.

„Се надевам дека оваа глобална криза ќе не направи пообединети и покохезивни и дека ќе успееме да го подобриме меѓусебниот дијалог и да ги потврдиме заедничките позиции и заедничкиот интерес“, додава тој.

Алаѓозовски истака дека Стратегијата за едно општество се одвива во добра динамика и покрај двегодишната пандемија и мементалната геополитичка состојба, односно војната во Украина.

„Она што беше идентификувано како недостакоци и од кај нас и од меѓународните структури кои редовно пишуваат извештаи за нас, Рамковната конвенција за правата на малцинствата не следи и ни дава свои препораки, Европската унија не следи и ни дава свои препораки, препораки добиваме и од Обединетите нации, Советот на Европ,  и во наредниот период ќе видиме што е тоа што ние окривме дека недостасува и што е тоа што треба да го направиме подобро.

Потребна ни е поголема кохезија меѓу различните заедници, треба подобро да ги заштитиме правата на ромската, влашката, бошњачката заедница, да го зборува својот мајчин јазик, да обезбедиме учебници, да дозволиме да се формираат паралелки од ззаинтересирани ученици кои ќе сакаат да го изучуваат тој јазик. Трба да го зајакнеме плурилингвализмот, плурикултурноста, а тоа значи и Македонците да го изучуваат албанскиот и другите јазици, но и албанските и децата од ругите етнички заедници да го изучуваат македонскиот јазик. Да немаме зазор.

Почитувањето на стандардите и за медимска писменост и за медиумски говор и од страна на медиумите и парамедиумите и социјалните медиуми е многу битно и мора многу да се работи во наредниот период. Не може еден службеник до 5 часот да биде коректен, а после 5 да пишува разни статуси на Фејсбук, истакна тој.

Алаѓозовски потенцира дека европските вредности треба да се интернализираат и треба сите да внимаваме како се однесуваме во заедницата.

Дехран Муратов
камера и монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Драган Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ